Се извинувам однапред ако сум прегруб, можеби во таков момент го гледав филмот.
Се работи за филм кој неможев да се додржам да го догледам, што од вековна досада што од нервоза што губам драгоцени 3 часа од мојот живот на наведеното. Неможам да смислам ни една единствена позитивна работа во врска со филмот. Ми е жал за актерите и режисерот кој несомнено сакал да прикаже нешто, ама повеќе од очигледно не само што ја утнал планетата на која целел, туку и универзумот во кој сакал да погоди.
Одамна немам гледано вака претенциозен филм, исполнет со нефункционално клише. Идејата на кажување на различни приказни, „кои треба да ја доловат приказната“ е многу повеќе од преискористена.
Ама ако. Во некои филмови успева да биде навистина добро, во некои не. Овој филм спаѓа длабоко во втората категорија.
Се забележува што сакале да постигнат, да го објаснат животот на некое „повисоко“ ниво. Но дури е навредливо какви недоделкани работи се испозаштрафени во филмот. Долго време поминало откога не сум гледал волку плиток филм, на граници на смешен. Треба да биде интелектуален, но во ниеден момент не те тера да размислиш, ниту пак ти дава одговори - за да си ги откриеш прашањата. Во филмот се случува едно огромно ништо. Само се нафрлаат работи со попски глас и бедни ооооооооо колку бедни акценти. Секоја идеја што им текнала кога седнале на маса ја вклопиле во филмот, требало или не.
Најстрашен е делот што постојано смрди-корне на интелектуализам, а нема ни една единствена капка интелектуалност или мудрост.
Самата приказна? Тоа што ниеден лик нема ни милиметарска длабина во прикажувањето, или од тоа што нема фиксна точка или силна линија на фокус која ќе ја држи приказната, говори за обмисленоста на проектот кој сакале да го направат.
И на крај, трае три проколнати часа. Три. Цели три. За да си дозволиш да одземеш 3 часа од нечив живот, треба да имаш храброст. Посебно со ваков циркуз. Три часа скокање од сцена во сцена, за на крај да се покаже - ништо.
Да сумирам:
Во првите 30 минути, бев збунет.
Околу 60тата минута, бев заинтригиран.
На 90тата минута, очекував да заврши.
После 2 часа веќе навистина се мачев да гледам.
150 минути откога е почнат филмот веќе почнаа рацете да ми се тресат.
3 часа, конечно заврши патетиката.
Најлошиот филм за 2012 според Тајм.Not a valid youtube URL