Еве читам сега што биднало со оскарите (нормално нема да ја гледам таа шарада, после Били Кристал, не гледам оскари...можеби еднаш само, на неќење...).
Заговорите на Академијата против Ди Каприо гледам продолжиле понатаму

Не, знаев јас дека овај другио, со селскиот акцент ќе земи оскарче, не за џабе таква сушка се сторе. Таква е модата во Академијата. Ако се здебелиш, или ослабиш...еве ти оскарче

Шала на страна Метју МекКонехи во последниов период е монструм. Изгледа заменет е со некој друг, како Тито што го заменија, па тој од бравар одеднаш стана прецедателиште ипол

Браос да му е, од еден просечен актер препознатлив по боза улоги во уште побоза филмови лупна во врвот. Батали оскар.
Тоа е само едно обично признание, а актеров навистина се покажа. И во серијата во која што сега игра...
А за Ди Каприо што да се кажи. Тој си е морален победник за се' до сега што бил номиниран. Мене не ми личи на таков лигуш што ќе се радва со некаква статуетка што ќе му збира прашина во витринчето...
Се надевам дека нема да падни во депресија и ќе почни да снима безвезни филмови само за оскар да добија

Ама не вервам, си се теши увек тој со згодни женски...

Ме потсеќа на Питер О Тул. Осум пати номинран за оскар и никако да се добери до статуетката...
Лани си замина во вечните ловишта...
Не верувам дека овој блескав актер некој ќе го потенцира како актер кој не зел оскар или како ОДЛИЧЕН актер
Најдобар филм... Немав никакви афинитети да го гледам. Па ко видов дека е некој анонимус режисер со име и презиме исто како на Булит, само се изнасмеав. Па кога прочитав кое мислење го има Дени, сигурен бев дека нема шанси да потрошам време за филмот. Со здравје нека си ги користи оскарите

И така...