Вчера не знам како ми излезе линк од некоја песна поврзана со "Пред дождот".Одамна се канам да го изледам ама никако да го симнам.Среќа го има на youtube цел,па кој сака може да го погледне.
Мене лично ептен ми се допадна.Сега ми стана јасно дека темата на сите филмови на Милчо Манчевски,а тоа е трагичната судбина на македонскиот народ почнува од овој филм.Музиката е одлична и само уште толку те дотепува кога ќе размислиш што се ни се случува во ова наше мало парче земја.