Дени, ме погоде сеа со серијава

Значи хорор серија ми беше ова, Џејсон и Фреди гомна да јадат

Кај ги најдоја децава за да глумат јас не знам. Јас се сеќавам имаше драмска секција во мојата сколија (а секако и во еден куп други). Па ептен подобра глума се презентираше во таа драмска секција (во која учествував и јас, се додека на една приредба не му ја здувнав, а бев главна улога во 3 претстави...јебига, да се знај кој е главен намќор

).
Значи муабето ми беше дека ептен вештачки се децата во серијата. Ептен. Недопадливи, мизерни. Сигурен сум дека можеа да најдат некои што ќе беа поприродни. Деца што ќе одглумеа деца.
Единствена светла точка ми е Мето Јовановски (еј, капетан е на брод во реклама за Хајникен

) и Волчко.
Остатоко тапа.
Значи ова ми се имресите ко дете, не сум ја гледал од тогаш

Ако грешам, нека изгорам (Пепи Бафтировски)

П.С. Стојанче и Босилка нека ми простат, ама ептен тапа ми беа (тоа другото дете заборајв како се викаше)

П.П.С. Пред да почните со пушки да фрлате, да ви кажам дека јас сум еден од оние кои се заслужни за постоењето (аплоуд) на серии и цртани (со македонска синхронизација, Мајсторов, Балабанова

) по интермецов
