Предлагам да се отвори една тема за некои членови да имат каде да си го мерат, за да не се уништува квалитетот на останатите теми.
Јас знам дека сите сме различни и со различни мислења и ставови кои се решаваат со дискусија, но некогаш има исклучоци, поточно кажано, некогаш членовите немаат нешто попаметно да кажат и нечие мислење го сметаат за непотребно, смешно, глупо и слично.
Има тема „Легендарни постови“ која содржи доста такви постови, што донекаде е ок, ма да мислам таа тема треба да се користи за позитивни и паметни коментари, некој што кажал да речам “паметна“ дума, нешто што секој би се согласил со него, се надевам ме разбирате што сакам да кажам.
Можеби мојот речник не е многу богат и некогаш не знам како да се изразам литературно(во Кочани викаме, културно) и можеби погрешно ке бидам разберен, ама само мислам дека треба малце да бидеме пред се луѓе и да прифаќаме и спротивно мислење, а не на подмукол начин да се провоцираме и да се ствара да речам “омрза“ помеѓу некои членови.
Пак ке речам, различни сме, може некој и да ме мрази како личност, не му се допаѓа мојот став, моето мислење, мојот карактер и се, ама да не се уништува квалитетот на темите поради лични работи, пошто денес ретко нешто да прочиташ добро, оффтопици литаат на секој чекор и не толку сериозно се дискутира, повеќе се глупира.
Сега знам ке излезе некој член и ке рече, другар не се замарај, ова е форум не ги сфаќај толку сериозно работите итн. во ред, разбирам дека е ова форум и се, ама дај да го направиме барем нека биде форум со квалитетни теми и добри дискусии, зошто да го расипуваме и да се расправаме за глупости?
Имате си теми од типот Што те насмеа денес, Рекла казала, теми што се наметети за оффтопици, терајте таму оффтопици и глупости, дај не уништувајте ги останатите теми.
Не викам администрацијата треба да ги банира, или опоменува или да брише глупи постови, ова го кажувам добронамерно за сите членови, само една добранамерен совет до членовите.
Сум бил јас и модератор и администратор на неколку форуми и знам дека ова не е војнички форум со строги правила, ама членовите треба малце да чукнат по тиквите и да не тресат зелени насекаде, си има соодветни теми. Не сум долго на форумот, ама гледам некои членови веќе ги нема на форумот баш поради слични причини, некои други си само траат пошто знаат дека е џабе, ама дај малце бидете пред се луѓе и да си помогнеме едни со други и да се дружеме, а не да се “замразуваме“.
Секоја чест на некои членови, секоја чест. Инаку, ова беше за сите членови, не беше наменето за администрацијата, администраторите не можат да ве променат, треба сами да си се освестеме, не сме веќе осмооделенци и да не учат на општа култура.