@Bugar:
Прочитај го целиов пост, не само првата реченица.
Карклуб е медиум и функционира како таков, со уредник, соработници и соодветна уредувачка политика. Форумот на карклуб е социјален медиум, односно заедница, насочувана и управувана од група администратори и модератори.
Твоето учество на овој форум, односно тоа што си ти дел од оваа заедница е привилегија, а не право.
Тоа што ти се бришат постови нема никаква врска со цензура. Од 25 (до сега, не сум прочепкал дали има нешто за бришење во последниве 30-40 минути) постови, пола се оф-топик, пола се тотално неповрзани и рандом изнесени мисли на диви води, и во добри 10 постови, ничим изазвана се спомнува Корса Б со 1.2 мотор.
До сега, најмалку петорица членови на форумов кои ги почитувам и чие мислење неизмерно го ценам изразиле револт во однос на твоето присуство, твојот начин на комуникација и (јебига, нема друг начин да го кажам ова), твоето тупење. Со цел да ги задржам тие членови на форумот, и со цел да го одржам квалитетот на форумот на ниво на кое јас сметам дека е соодветно, ќе ги бришам сите твои постови кои сметам дека се несоодветни.
И нека ти биде совршено јасно: тоа што ќе ти бришам постови нема никаква врска со цензура. Ги бришам постовите заради тоа што се несоодветни, арогантни, тупаџиски, или едноставно ГЛУПАВИ. Има луѓе на форумов кои тресат зелени, па не се банирани. Има луѓе на форумов со кои имам прекинато комуникација, ама не се банирани. Ти бе другар-бугар, ти си незапирилив тупаџија.
Веќе ги научивме сите твои ставови. Знаеме за мајмуните, за кинезите и за французите. Научивме и за VM дизелот во Круз, научивме и за Мазда 6 2.0 дизел, Корса 1.2, Голф 2 1.6 дизел (нов од фабрика со нула километри), научивме и за Apple и за сè друго за кое си ти експерт. Имаш многу знаење, не го негирам тоа, ама начинот на кој го претставуваш, ароганцијата, попувањето и тупењето го упропастува форумот. Го упропастува форумот во кој јас и останатите администратори и модератори, а богами и сите други членови имаме вложено неизмерно многу труд.
Затоа, другар-бугар, нема да дозволам да ми/ни го упропастиш форумот. Нема врска со цензура, нема врска со ништо такво. Едноставно, твоето присуство и твојот начин на комуникација ми/ни го усерува форумот, а јас едноставно нема да го дозволам тоа.