1. Дали мене ме боли уво или не, не би требало вие да се грижите. Во кратки црти - да, ми смета бидејќи инспирацијата е очигледна, и доколку сметам дека е потребно ќе реагирам. Благодарам на поддршката од сите, и доколку е потребна, ќе реагирам. Благодарам и на потенцираниот проблем.
2. Copyright law е интернационална работа. Мислам дека никој на никого не може да му оспори да купи домејн нејм со локално TLD (рецимо .com.mk). Меѓународен Copyright law би играл улога доколку се појави недозволена копија од странски сајт. Неколку компании за веб дизајн од Македонија веќе добија тужби од странски компании за украден дизајн. Исто така, меѓународен copyright law би играл улога ако регистрирам странски домејн со локален TLD и пробувам да ја уценам компанијата да ја купи - као талентот што го регистрираше Google.com.mk и бараше 50.000 долари од Гугл за домејнот. Доби тужба и Google според правилата на ICANN си го доби домејнот.
3. Заштитата на ниво на Македонија за домејни истекува на 1.1.2014. Од 1ви Јануари секој ќе може да го регистрира домејнот (но со друга екстензија) ако е слободен. Регистрирај си ги домејните на време.