Автор Тема: Ваши забелешки, проблеми, предлози  (Прочитано 817033 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1785 на: 27 Јануари 2013, 19:42:15 pm »
Ја замолувам администрацијата ако може да ја отстрани темата од подфорумот Возила на членовите

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5058.0.html
Оти бе Фиљо, да не се откажваш од форумот?

За од форумот сеуште сум во размислување, ама за колата, јок, без никаква дилема, барам да се избрише, пошто во моментов и навреден и изнервиран сум.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1786 на: 27 Јануари 2013, 19:43:51 pm »
Затворено и избришано. Може да се врати ако сакаш.

Кога ќе бидеш малку подготвен за поотворена дискусија, ќе сфатиш дека нема потреба да бидеш ниту навреден, ниту изнервиран.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1787 на: 27 Јануари 2013, 19:45:40 pm »
Благодарам.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1788 на: 27 Јануари 2013, 19:46:13 pm »
Ич да не се нервираш, кој шо сака нека збора. А и појќе е тролање него навреди кон кадетот, на пример однеси го на собир некогаш и ќе видиш дека ќе има добри коментари.
п.с тролај ги и ти, тие шо те гибат најмногу, не возат ништо појако од 1.2  :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1789 на: 27 Јануари 2013, 19:46:20 pm »
Зеро веќе ја затвори, ама јас сепак ќе го постирам она што го напишав:

Ја замолувам администрацијата ако може да ја отстрани темата од подфорумот Возила на членовите

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5058.0.html

Некако чувствуам потреба да те разубедам во намерава, не се откажувај затоа што неколку (2-3ца) од илјадници биле прегласни противници. Едноставно треба само да ги игнорираш. Тоа е форум, тоа е нешто што за жал може да се очекува. Секако треба да си го задржиш својот став и да си возиш тоа што ти е кејф, без разлика на неколкуте малициозни коментари за твоето возило. Јас мислам дека имаш еден редок примерок, и дека треба да си горд на возилото.

За отстранување, и причините зошто го бараш тоа, обрати се кај Зеро, јас не би ти ја отстранил темата. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1790 на: 27 Јануари 2013, 19:47:26 pm »
Ич да не се нервираш, кој шо сака нека збора. А и појќе е тролање него навреди кон кадетот, на пример однеси го на собир некогаш и ќе видиш дека ќе има добри коментари.
п.с тролај ги и ти, тие шо те гибат најмногу, не возат ништо појако од 1.2  :)

Ете во темата состојба на патиштата решив да ги истролам со еден пост, јасно се гледаше дека постот е на шала напишан, ама ете се случи тоа што се случи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1791 на: 27 Јануари 2013, 19:48:07 pm »
Ич да не се нервираш, кој шо сака нека збора. А и појќе е тролање него навреди кон кадетот, на пример однеси го на собир некогаш и ќе видиш дека ќе има добри коментари.
п.с тролај ги и ти, тие шо те гибат најмногу, не возат ништо појако од 1.2  :)
Колку што бива гибнат, толку и гиба со тоа ограничувањето за возење.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1792 на: 27 Јануари 2013, 19:51:16 pm »
1. Признаваш дека тролаш.
2. Што се случи? Луѓе на тролањето ти одговорија сосема соодветно, и дека работите ги гледаш малку еднострано и не си воопшто подготвен да пробаш да разбереш, а камоли да прифатиш туѓ став. Дури (колку и да е на заебанција) пиша „да ве ограничи човек“ со мислата дека со дупки (односно кршење кола) е тоа изводливо.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1793 на: 27 Јануари 2013, 19:59:59 pm »
Кога претходно ме тролаа мене и за колата, ама и за таткото, гледав на шала да вратам, еден член тогаш малку претера и ја се повлеков.
Сега истото, вие можете да тролате, а јас ете да се пошегувам, сите модератори и админи се наредивте против.
Се случи што се случи, од форумов нема да заминам пошто има доста работи кои можам да ги прочитам тука, ама ке гледам да бидам порезервиран во коментирањето.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1794 на: 27 Јануари 2013, 20:04:02 pm »
Никој не се наредил против, туку едноставно праиме муабет.

Верувај ми, ова ти го кажувам најпријателски во свет - на работите гледаш малку еднострано, и премногу субјективно. Затоа што ти не сакаш да возиш повеќе од 120-130-140, сметаш дека никој не би требало толку да вози. Тоа е моментот што на другите (па и на мене) им смета. Моментот со „за да се успорите, испокршете си ги колите“ е само долевање.

Значи, филозофијата е live & let live. Никој нема ништо против тебе. Муабетот беше дека тој дел од автопатот е ужасен, и дека ниедно возило (нит ново, нит старо) не би требало да вози таму, односно по пат во тие услови.

Иначе, јас ти ја почитувам и ти ја сакам колата. Сакам стари коли. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1795 на: 27 Јануари 2013, 20:04:53 pm »
А бе Фило, фило ;D ;D
Мала криза и..... одма скеч:

;D ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1796 на: 27 Јануари 2013, 20:05:31 pm »
Иначе, јас ти ја почитувам и ти ја сакам колата. Сакам стари коли. :)
И јас исто, ако случајно е предмет на прашање.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1797 на: 27 Јануари 2013, 20:07:39 pm »
Иначе, јас ти ја почитувам и ти ја сакам колата. Сакам стари коли. :)
И јас исто, ако случајно е предмет на прашање.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1798 на: 27 Јануари 2013, 20:17:41 pm »
Имавме вакво, бело. :)

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1799 на: 27 Јануари 2013, 20:19:28 pm »
Знам  ;)