Со 500-1000 денари годишно од фирмите, и по некоја стотка од членовите не покриваме ништо, верувај.
Првичната идеја беше Карклуб да функционира како форум, за да се создаде критична маса. Карклуб порасна повеќе од очекуваното, и реален и логичен следен чекор беше лансирањето на порталот. Порталот навистина бргу ги надмина сите очекувања кои ги имавме и прерасна во релевантен, читан и почитуван автомобилски медиум со малку различна филозофија и практика на функционирање. Сето тоа ни дозволи и ни помогна да имаме стварно одлична заедница и одличен центар за комуникација на стварно многу луѓе кои се заинтересирани за одредена тематика.
Значи, ќе ве замолам сите да се воздржите од коментари и предлози на оваа тема. Трошоците не се мали за да може да се покријат со ситни донации. Сепак Карклуб е многу повеќе од обична заедница или обичен форум или обичен портал. Вложено е многу труд и ентузијазам и трчање за да заживее целата работа - и има компании кои го разбираат сето тоа, но повеќето не го разбираат потенцијалот кој го има кај нас. Тие што го разбрале - секоја чест.
Реално, на карклуб му е потребен спонзор, од реклами или од нешто соодветно. Карклуб мора да почне да има некаков профит за да може да продолжи да функционира. Со моменталната големина трошоците се веќе големи, а верувајте ми дека ги имам направено математиките за растење во иднина, и колку би коштало тоа понатаму.
Затоа, пак ќе ве замолам да не шпекулирате на оваа тема, ниту пак (јавно) да излегувате со предлози. Сите сме свесни дека оваа тема е осетлива, а веќе некои планови, идеи и напори постојат. Она што можете и би требало да го направите е да го препорачате Карклуб (и форумот, и порталот, секако) на вашите пријатели и сите оние кои би биле заинтересирани за ваква тематика, и да им објасните каква заедница имаме. За сите останати работи, уживајте, тука сум јас а и другите администратори за да средиме работа. Кога е потребна помош, или ќе објавиме јавно, или ќе побараме индивидуално.