Дечки, ги ценам сите ваши идеи и сугестии, ама некои работи со време се сменија.
CARclub порасна. Ама стварно, многу порасна. Порталот стана најчитан автомобилски медиум во Македонија, а за форумот не морам да зборувам - знаете и самите како стојат работите. Секојдневно имаме нови и нови членови, организираме настани, итн. Во моментов сите трошоци за порталот и форумот ги сносам јас. Не би сакал да дискутирам јавно колку се тие трошоци, бидејќи стварно нема потреба, но верувајте дека не се мали.
Бев во обиколка на фирмите кои се дел од нашиот форум, и понудив некаква соработка која би требало да ги покрие трошоците за порталот, плус да ни дозволи малку комоција за други работи, ама скоро секаде наидов на негативен одговор.
Желбата и концептот е форумот и порталот да си функционираат одвоено. Форумот ќе продолжи да си функционира како што функционирал до сега - ќе си постојат фирмите што се пријатели на форумот, и они ќе можат да си нудат свои услуги и производи, во замена за некаков пријателски попуст, итн. Ако сакаат нешто повеќе да договориме, уште подобро. Иначе да, во цел свет фирмите кои имаат свои под-форуми на некој форум за тоа плаќаат - особено ако форумот е голем и активен како нашиот. Порталот се роди од желба (и потреба) за растење. Порталот е медиум, и како и секој друг медиум, би било одлично ако успее да направи некој профит, кој во секој случај би бил вратен во порталот и заедницата.
Во секој случај, со оглед на промените кои се случија изминатава година и големината на нашиот портал и форум, некои работи ќе се сменат, бидејќи финансиските трошоци кои реално постојат, нема да можам да ги издржам уште долго. За било која сериозна компанија која сериозно сака да ги понуди своите производи на место кое привлекува огромен процент од луѓето кои се заинтересирани за автомобили во Македонија, не би требало да биде проблем некоја симболична месечна сума, со која ќе се покријат основните трошоци за функционирање на заедницата.
Во меѓувреме, би бил благодарен сако се воздржите од шпекулации.
