Предлог: Секоја тема што ќе се отвори за некаков проблем за автомобил, да се држи стрикно за проблемот и секакви други мислења да се бришат. Значи има проблем > можно решение за проблемот. А не, јас имав другар, вујна ми имаше проблем, ова е срање и слично.
Според мене тоа е најосновна форумска култура, која ние очигледно ја немаме. Ги разлистав некои теми каде се постирани проблеми, за Рено и слично, не се сеќавам што точно, не ми се веруваше што е темата а што читам.
Има голема разлика помеѓу странски форум и наш форум.
Кај странски: имам проблем со тоа и тоа и имаш десетици можни решенија, упатствија, како можеш да го решиш, каде, што е причинител.
Кај наш: имам проблем со тоа и тоа и имаш пхаааааа, па сеир, па хахахаааа, па тој е бренд е срање, па статистика колку е срање, па обид за помош, па на обидот за помош реплика дека кај стрината не упалило пошто брендот е срање итн.
Ако е ова форум за автомобили, очекувам во него да членуваат луѓе што ги сакаат автомобилите и што се вољни да помогнат. Секоја чест на исклучоците, ама мислам дека има премногу, завист, злоба, неинформираност кои кај обичен клабер или гостин потикнуваат само одбивност.
Како да очекуваме некој да го сподели својот проблем, проблем од кој може сите да научиме, ако однапред е осуден како се заебал за цел живот и ги фрлил парите во бунар само затоа што направил избор кој на некој поединец не му се допаѓа?
Предлогов е добро намерен & keep up with good work
