Ај да предложам нешто, но пред тоа да напоменам дека немам намера да навредам никого. Значи во темата генерални муабети, има толку многу отворени теми кои што си немаат никаква врска со карклаб, и според мене се несоодветни за овој тип на форум. Теми од типот кондури, храна, бебиња, одредени теми кои што имаат политичка тематика, не се вклопуваат во целта, шемата и проблематиката на форумов. За такви теми има форуми од типот на кајгана, фемина или што ти знам. Предлагам сите тие работи да бидат дискутирани во рекла казала.
Друга работа, сметам дека може да се отвори тема Помош при патување или нешто слично, во која што ќе се дискутира исклучиво доколку некој има потреба да дознае патни трошоци или состојба на пат и слични искуства до одредена десинација до која што некој друг член од форумов бил. Во таа тема треба особено да се внимава да не се забегава со дискусијата, на пример еј абе немој таму плажата не е убава или сум бил таму убаво е ама ваму ти е поубаво и поблиску и слично.
Значи пак ќе повторам не сакам да бидам сфатен погрешно, ниту пак да навердам некого, но сепак ова е форум за коли, а не за чаршиски муабети.
Во меѓувреме ми текна на уште една работа а тоа е екстремното забегување со бела техника и компјутерска опрема, особено во темата што си купивте/сакате да си купите(фалиме усто

). Во врска со таа тема исто сметам дека е непотребна бидејки премногу се забегува со работи кои што немаат врска со автомобилите.
Сега за сега толку, па ако ми текне уште нешто ќе споделам
