никој не е само бендисан ама нема да дозволам некој што само тастура и маус фатил во рака и незнае како изгледа глип, брегаста и радилица да ми се прави паметен
и некој што не направил ништо во животот да ми мудрува и да ми глуми лудило
се знаеме сите кој сме и што сме
Пецони мораш да разбереш дека не сите сме вични да знаеме како изгледа глип, брегаста и радилица.
Тука е уште поголема вредноста на твоите постови, и да сум јас на твое место, веројатно би ми било криво да ги затворам темите во кои сум вложил доста време и ентузијазам, бидејќи највеќе себе самиот си правиш штета.
Не можеш да очекуваш сите ние да баш исто влегуваме со ист ентузијазам и мајстори како тебе во тоа што го правиш.
Ама баш тоа треба да ти биде уште поголемо задоволство што тоа драгоцено искуство го споделуваш и оставаш трага позади себе.
До некаде те разбирам како се чуствуваш, меѓутоа ако тоа го правиш баш од ентузијазам, мислам дека нема место за суета его и толку повредување.
На пример, кога пишував во темата за СУВ возило, каде што се потрудив максимално детално да опишам што и како сум доживеал, и да го направам интересно неоткривајќи што сум купил, имаше луѓе што до некаде тераа сеир и слично.
Па што? Нивен проблем.
Јас се потрудив да го споделам своето искуство со надеж дека ќе биде на некого интересно и дека баш критички ќе развиваме дискусии.
Или возам Mountain Bike od 1994 година, од кои долги години се натпреварував. Прв Specialized Stumpjumper Full Suspension купив нарачувајќи дел по дел од Америка во 2000 година (пред 14 години), и сеуште возам активно (ама не така често како порано).
И сега дека некој се прави паметен да престанам да пишувам во темата Велосипед, и да барам да ми ги избришат постовите? Едноставно филтер.. Нешто филтрираш, нешто игнорираш, во нешто навлегуваш.А нешто и учам (На пример Томе Колт ме натера пак да читам и истражувам за тркала, и сватив дека треба да обновам знаења). Не значи дека и покрај моето искуство нема нешто што не можам да научам од некој помалку искусен
Или во темата Аудио слично (ова се темите каде што имам некакво искуство).
Твој избор е дали ќе ги избришеш своите теми, дали ќе ги оставиш и ќе продолжиш..
Меѓутоа баш па тоа те прави посебен, ако се издвојуваш со квалитетни проекти и си волен да ги споделиш.
Едноставно игнорирај ги нетативните постови и направи ти да биде позитивно.
Исто кога човек има големи знаења и критерими, тенка е границата да стане арогантен и да не дозволи да нешто и научи од некого што можеби знае помалку во генерални размери (со ова мислам да едноставно се има цврсто мислење и да не се дозволи да се види дека можеби и човек греши).
Се надевам дека ќе ни бидеш пример за како се пишува конкретен и ентузијастички пост и теми.
Ако ендоставно ги избришеш... Некако ми е тотална спротивност од прав ентузијаст..
Се надевам се читаме и понатаму..

p.s. Никогаш не сум имал ни желба да научам како изгледа брегата и радилица. Може да кажам дека сакам автомобили, ама повеќе од корисничката нивна страна. Ама исто ако нешто ценам и почитувам се прави ентузијасти во било која сфера или област.
p.s. Можеби ме натераш да читам за радилица и брегаста ако имаш и понатаму желба за споделување на ентузијазмот а игнорираш и филтрираш негативности