Автор Тема: Break in time - Разработување на ново возило односно неговиот мотор  (Прочитано 3058 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Баш ме интересира вашиот став на оваа тема. Како го замислувате идеалното разработување на ново возило? По нет има разни мислења.

Има став дека само првите 1000 км треба да се внимава да не се качуваат вртежи, а после тоа дека треба да се вози на високи вртежи (односно што поразновидно), ама со потенцирани високи вртежи за да легнеле подобро сите нешта.

Друг став е дека треба без многу високи вртежи ама разновидно.. итн итн.

Исто , кога да се смени уље прв пат? После 1000 км? После 10000 км?

Јас следев упатство (и уште следам).

Не кочев/забрзував нагло првите 1000 км, и не поминував над 3000 rpm.

После 1000 км поминати  се држам воглавно до 3000 - 4000 rpm (веројатно грешам што се навикнав така да возам, и дури вчера на 7800 поминати км, возев малку на 6000 rpm). (Се зезнав што се навикнав да ги следам индикаторите за промена на брзина).

Исто се одлучив да послушам официјален сервис во поглед на прв сервис, и ќе го правам на 10000 км. Прво се мислев да променам уље на 1000 км, ама наводно во првото фабричко уље има специјални адитиви што помагаат за правилно разработување на моторот и ради тоа треба да се остави до 10000 или дури и 15000 поминати.

Какво е вашето мислење?


Дарко




Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
ново возило сум немал,се надевам еден ден бог ќе даде :)

порано викаа во првите 500-1000км да се смени уљето па со него да се отстранат и сите мали металчиња што останале во моторот при процесот на правење

ако сега имам ново возило,во првите 1000км би го пазел максимално,потоа нешто слично како тебе до 3,4.000рпм за после 10.000км и прв сервис да го развозам како што треба на повисоки вртежи во сите режими на работа

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Возилата произведени во последниве 10-15 години се разработени од фабрика. Самото производство е различно од пред 20 години. Нема потреба ни од менување масло ни од возење по мали вртежи...


Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Моето е баш како на крел. Единствено би додал во првичниот период да не се возат долги релации со ист број вртежи. На пример, возиш цело време 6-та 120 на автопат. Одвреме навреме, 5-та 120, па и 4-та 120... Идејата е да не се вози долго веме со константен број вртежи, туку да се користи целиот расположлив ранг.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Motorot si e vo sejf moud prvite 3000-5000km zavisno od voziloto.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Фиеста 1.4 ТДЦи официјално нема период на развозување, но неофицијално беше напоменато првите 1000 км да не се оптеретува максимално моторот.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3793
Ne Fiesta ne picke si materine, sekoja kola si ima period na razvozuvanje, za da si legnat rabotite na svoite mesta, i so eden zbor da se navikne kolata na soferot i soferot na kolata xaxaxa ;D ;D ;D ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Како што кажаа, во денешно време сите мотори се разработени од фабрика, процедурата е get in and go. МиДа сеуште практикуваат таков период оставен во наследство од изминатите генерации на возила.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Motorot si e vo sejf moud prvite 3000-5000km zavisno od voziloto.
+1


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
На последната нова кола не и требаше ништо. Авто дилерот рече „пали - вози, прв сервис на 15ккм“, а и претходното беше слично ама оти дизел па му се мислиш на сите оние „дизелашки“ препораки кои не се само за ново туку и за старо дизелче. Секако за љубителите на правилно разгазуeње како што велеа на К-15, првите 3000км  у гаража после полека на пат :)
« Последно менување: 04 Април 2013, 00:45:45 am bramovsk »

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Break in time - Разработување на ново возило односно нег
« Одговори #10 на: 04 Април 2013, 00:37:03 am »
Niti sum ja pazel, niti sum ja galel, mi rekoa teraj vozi ne ja Zapinjaj samo do crveno edno 1000 km posle praj so sakash.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1264
Motorot si e vo sejf moud prvite 3000-5000km zavisno od voziloto.

Што значи ова поточно ?

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1624
До сега имам поминато 4400 километри и првите 1000 км не ја возев над 3000 рпм, не кочев нагло и не возев над 2000 рпм дур беше ладна. Јбг, декември и јануар беа кочан. Прв сервис ќе правам на 7500, така ми напоменаа и не планирам да праам екскурзии. Како пишува у мануЕл, така. Сепак тоа упатство е напишано по напатствија на машински инженери, а ја тоа не сум, па нема шо да се праам многу паметен.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Колку што имам информација новите мотори уште во фабрика ги пуштаат да работат некулку саати да легнат деловите или доколку има шанси да се појави дефект таму да се појави. Кога ќе се исклучат се празни маслото од моторот и се спрема за испраќање до фабриката до која е потребен тој мотор. Моторот се вградува на возилото се полнат сите течности и се пушта повторно во работа да се провери дали е се во ред.
Она на времето што било на 1000км да се смени уље сега е избегнато со тоа што неколку саати работи под оптоварување на одреден број вртежи кој симулираат извозени скоро 1000км. Може во прво време да не се вози секоја брзина до лимитер ама препорачливо е и повремено носење на моторот до крајни вртежи.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Колку што имам информација новите мотори уште во фабрика ги пуштаат да работат некулку саати да легнат деловите или доколку има шанси да се појави дефект таму да се појави. Кога ќе се исклучат се празни маслото од моторот и се спрема за испраќање до фабриката до која е потребен тој мотор. Моторот се вградува на возилото се полнат сите течности и се пушта повторно во работа да се провери дали е се во ред.
Она на времето што било на 1000км да се смени уље сега е избегнато со тоа што неколку саати работи под оптоварување на одреден број вртежи кој симулираат извозени скоро 1000км. Може во прво време да не се вози секоја брзина до лимитер ама препорачливо е и повремено носење на моторот до крајни вртежи.

Не е само ова случај, освен што ги пуштаат да работат со посебно масло (и практично ги разработуваат тука) денешното производство на мотори е светлосни години понапред од она пред 20 години. Проблемот пред 20 години во разработувањето на моторите бил недоволниот квалитет на завршен продукт кај масовното производство, односно тогашните машини немале прецизност и финеса во обработка како денес па затоа морало да се разработува накнадно моторот после производство.

Денес машините, роботите и лентите се толку усовршени што прецизноста дава многу подобар продукт каде не е потребно разработување туку квалитетот е еднаков кај целата серија со многу помали отстапки него порано.

Затоа палиш возиш без никаков проблем без никакви режими до 1000км и слично. Таа пракса што е останата од пред 20 години денес е потполно непотребна.