Баш ме интересира вашиот став на оваа тема. Како го замислувате идеалното разработување на ново возило? По нет има разни мислења.
Има став дека само првите 1000 км треба да се внимава да не се качуваат вртежи, а после тоа дека треба да се вози на високи вртежи (односно што поразновидно), ама со потенцирани високи вртежи за да легнеле подобро сите нешта.
Друг став е дека треба без многу високи вртежи ама разновидно.. итн итн.
Исто , кога да се смени уље прв пат? После 1000 км? После 10000 км?
Јас следев упатство (и уште следам).
Не кочев/забрзував нагло првите 1000 км, и не поминував над 3000 rpm.
После 1000 км поминати се држам воглавно до 3000 - 4000 rpm (веројатно грешам што се навикнав така да возам, и дури вчера на 7800 поминати км, возев малку на 6000 rpm). (Се зезнав што се навикнав да ги следам индикаторите за промена на брзина).
Исто се одлучив да послушам официјален сервис во поглед на прв сервис, и ќе го правам на 10000 км. Прво се мислев да променам уље на 1000 км, ама наводно во првото фабричко уље има специјални адитиви што помагаат за правилно разработување на моторот и ради тоа треба да се остави до 10000 или дури и 15000 поминати.
Какво е вашето мислење?
Дарко