Здраво дечки, добро се дружевме едно време овде додека бирав кола, планирав да бидам активен ама се вработив и милион обврски ми излегоа...па го запоставив форумот, а и колата.
Имам Лансер од 2009-та, проблемот ми е што на хаубата имам повеќе мали дупчиња кои веќе почнуваат да рѓаат. Не се големи и не се ни приметливи, ама не сум ни имал време да читам што и како треба со нив. Дојдов тука за да ми препорачате некој добар и проверен сервис/лимар или кој и да е задолжен за вакви активности. Бидејќи не сум премногу информиран за ова, не сакам да отидам некаде и да ме ЗАКОЉАТ.

Фала однапред!
