Бев да ми ги офарбаат браниците, хаубата и десното крило во богдановски, КРАЈНО сум незадоволен од фарбањето и уште толку после што се изглупирав и се јавив додека беше таму колата да им речам да ја исполираат целата кола за да „не двои“. Колку јако ме заебале, тоа е нешто невероватно. Ги излижаа шрафовите на задниот браник и не ги извадија ниту задниот браник ниту „браниците“ на вратите, го фарбаа на место, иако договорено беше дека ќе ги извадат сите пластики, само предниот браник го извадиле. На предното десно крило и наназад едно 20тина сантиметри по вратата имаше „оверспреј“ од бојата од браниците, кога го поминав со рака беше исто како по 2000ка шмиргла, исто и пола шофершајбна е покриена со бела боја, и директно пред возачката страна пребришале со крпа некако и сеа коа возам навечер гледам само дека пребришале со пешкир, а не со микрофибер... Се вратив во богдановски да им барам да ми вратат пари (малце амбициозно од моја страна али ај) барем за полирањето ама не вратија нормално, и фати да го го исполира крилото и направи што направи ама сеуште не е мазно (КАКО ШТО ТРЕБА ПРЕД 3 ДЕНА ФАРБАНО КРИЛО ДА БИДЕ). Хаубата има мал милион места каде им паднала прашинка, а десното крило уште повеќе него ли хаубата, КАКО?! Не знам... браниците се рапави каде и да ги допрам, на некои места се познава потечена боја, непокриени места, гребки во самата боја (го загребале додека било мокра бојата и така е исушена, или можда влакно им се залепило) едноставно катастрофално е префарбано.. Воопшто не сум задоволен од ништо.. У ствари задоволен сум само од тоа што ми ги средија фаровите. Ми пожолтуваа, што верувам дека е пречест проблем на мојот автомобил, и ги исполирале и ги испрскале со некој лак и сеа се топ.. Сеа ќе почнам да кењам за полирањето.. Не ми се верува колку е заебана бојата на ЦЕЛАТА кола.. Кога на земав колата беше по заебана него ли кога ја оставив, ДА МИ СЕ ДУПНЕ ДЕСНА ЗАДНА ГУМА АКО ЛАЖАМ!!! Еве неколку слики од полирањето, а за фарбањето ме мрзеше, ако некој сака да погледне, ќе постирам..

