Мене на семафор ме удри кола од позади, без каско, теравме нормална процедура со европски. Ми рекоа дека браникот ќе го сменат со нов зошто е пластичен, а петтата врата мора да се прави или да доплатам зошто се пресметува амортизација. Им кажав дека без разлика што е стара, пред ударот беше добра и не сакам да ја пеглаат туку друга добра, без китови и глупости макар и стара. Дека сакам колата да биде како што била, а не да ќарам нешто од тоа. Договорија со сервисот да набават половна и ја монтираа неа.