Имам оригинален нов спојлер кој доаѓа со фабрички нанесен прајмер, а ја имам и шифрата на бојата (8CPCWWA) со која што треба да се исфарба. Каде да го однесам на фарбање? Сам да набавам боја или да го оставам тоа на мајсторот? Не мора да биде во Скопје, се движам низ цела Македонија. Сакам да биде квалитетно изработено.
Истото прашање и за половни капачиња за прскалки на фарови и половни 4 задни паркинг сензори, само тука најверојатно има повеќе работа пред фарбање, претпоставувам прво треба да се иструга старата боја и да се припреми површината, без разлика колку се ситни делчињата.