Го копирам истиов пост од темата Фарбање. Сега видов дека има различни теми од ваков тип, а оваа ми изгледа како поадекватна за моето прашање.
Имам Опел од 2016 год. Возилото е удрено кај задната врата и крилото, плус задниот браник. Бојата е Phantom Grey или Asteroid Grey. Да напоменам само дека бојата е како перла и има одредена промена на нијансата кога се гледа од различни агли.
Прашав на 4-5 места низ Битола за фарбање - кај Осата, Дињата, Борче на патот за Бистрица, Стефче... Кај сите добив одговор дека овие бои се специфични и дека ќе биди проблем да се погоди нијансата. Во еден од сервисите ми рекоа дека оваа боја била на водена база и во Битола нема никој со соодветна опрема за работа и ми препорачаа воопшто да не ја носам во Битола.
Ми треба мислење од луѓе на форумов, дали сепак можи да се најди некој во Битола или околината што работи квалитетно и што можи да ја среди како што треба.
На сликите подолу, можи да видите како изгледа нијансата.

