Автор Тема: Градина  (Прочитано 176857 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Градина
« Одговори #315 на: 22 Мај 2018, 06:16:07 am »
Не се скакулци, не се ниту крлежи Ќе посетам земјоделска аптека, само да посочите некоја? Не се сеќавам дека сум забележал негде некоја

https://zk.mk/zemjodelski-apteki/skopje

Види, може ќе помогне :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #316 на: 04 Јуни 2018, 11:48:31 am »
Се мислев постот дали да го ставам во темата Еко куќи или тука па одлучив да биде овде од причина што кога ќе биде комплетна сликата ќе има тревник, украсни дрвца и други ситници.

Бидејќи дворот не ми беше среден и изгледаше како класично бауштеле почнав полека да го средувам како што сум го замислил. Предниот дел од дворот ми е некаде 55-60 квадрати и замислата ми е да направам жардинњери од клесан камен од страните, патека од капија до куќа и во меѓупросторот тревник. Еве како изгледаше пред почетокот на работата.

Е сега, немам слики ама го ископав целиот преден дел 15-20 см во длабочина, вкупно околу 7 кубика земја исфрлив, донесов муљ такоџе 7кубика, се израмни и спремно е за сеење трева. Од капијата во правец на куќата почнав со подготовка на теренот за местење на хоуммејд бекатонки. Идејата ја зедов од тука и некои други слични видеа.
https://www.youtube.com/watch?v=RlopZcqyymc

Калапот не можев никаде да го најдам кај нас, сите огласи ги поминав и ништо па на крајот го најдов во Бугарија што продава слични вакви и од таму го зедов.

Подготовката на теренот за местење на бекатонките се состоеше во одредување на ширина и висина на стазата. Ширината е 1м што е сосема доволно за двајца да одат паралелно еден со друг. Со оглед на тоа дека калапот за правење на бекатонките е 5см длабок, теренот го наполнив со муљ до -6см од посакуваната висина, добро го набив, поминав со ваљак, после тоа насипав 1см двојка ситни каменчиња и со тоа беше спремно за местење. Е сега, гледав на интернат разни видеа каде што под бекатонките ставаат некои пластични плочи врз кои тие се местат, некои ставаат обичен најлон, јас не ставив ништо од тоа.

Калапот за изработка е налик како на видеото погоре, со димензии 50 на 50 см. Смесата за бекатонките се состои од песок единица и цемент во сооднос 2:1, боја за цемент (во мојот случај црвена) која се става заедно со цементот и вода. Мешањето го правев во количка и пред да додадам вода прво на суво добро ја промешував смесата. Пред нанесување на бетонот во калапот, истиот се премачкува од внатрешната страна со уље заради полесно чистење на крајот. Калапот се става на земја, се полни со бетон, се чека 10-тина минути да почне да стврднува, се вади внимателно и се става на следното место за пополнување. Многу напишав а слики слабо па еве како изгледа за почеток.

И се така се реди до крајот па завршно пред фугирање изгледа вака

И една од птичја перспектива

Фугите сакав да ги пополнам со жолта ризла единица ама пошто не најдов а ме мрзеше да просеам песок единица, имав дома веќе просеана земја за цвеќиња па откако добро ја просушив исфугирав со неа. Заборавив само да додадам една лопата цемент во неа ама бидна веќе. Фугите почнав да ги полнам рачно со сипување директно врз нив па откако видов дека ќе ми треба многу време истурив од земјата врз бекатонките и со метла ја разнесов. Вишокот го тргнав, напрскав со вода и крајот му се виде. Еве како изгледаат фугирани

Бидејќи ги правев од три пати секој пат ми излегуваа во различна нијанса, некои посветли а некои потемни. Смесата и бојата секогаш беа во ист размер. Пошто ги прскав со вода секој ден а дел од нив само малку ги фаќа сонце почнаа покасно да сушат и да избледуваат односно да добиваат нијанса како и останатите. Затоа изгледаат шарено ама мислам дека со тек на време ќе станат сите исти. Друго што сум заебал е цел еден калап, или сум ставил малку цемент или појма немам што сум утнал ама сптен сум го промашил и почнаа да се кршат. Ги заменив сите освен две парчиња, чим и тие се скршат одма ќе ги мењам.

Инаку, еве што се од материјал ми требаше и колку ме чинеше целиот зафат за 6 квадарти:
-   Калап 1800 ден (цена 1500 + транспорт 300 ден од Бугарија)
-   Песок единица ¼ кубик 200 ден
-   Цемент 2 вреќи од по 50кг 600 ден
-   Муљот не го рачунам пошто веќе го имав, како и ситните каменчиња двојка
-   Боја за цемент 10кг х 150ден/кг или 1500 ден
Вкупно 2300 ден за материјал не вклучувајќи ја цената на калапот или грубо 400 ден од квадрат.

Во глобала ништо посебно, темпото на правење со еден калап е малку бавно ама со два или повеќе ќе биде далеку побрзо. Далеку се од идеални ама и далеку се од лоши за изглед. Како за лаик и прв пат правење на вакви бекатонки јас сум задоволен од исходот.

Едит:  Почна да заличува на нешто

« Последно менување: 03 Јули 2018, 06:08:45 am Дибидус »
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Градина
« Одговори #317 на: 04 Јуни 2018, 11:59:45 am »
Многу добро излегле бекатониве! Јас само би додал лајсна една и од левата страна, чисто за да ги држи фиксни. Иначе, одлично! Само напред, дворче е прекрасна работа!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Градина
« Одговори #318 на: 04 Јуни 2018, 12:03:30 pm »
И ќе даде малку визуелна симетрија во однос на ширината на вратата.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #319 на: 04 Јуни 2018, 12:18:04 pm »
Ќе им ставам тули од страната а заборавив да спомнам дека од капијата во правец на гаражата во должина од 2 метра ќе наредам исто од нив за влегување и излегување од гаражата и да не газам по тревата.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Градина
« Одговори #320 на: 04 Јуни 2018, 12:42:37 pm »
Заборавив да спомнам, многу фина гаражата. Кај влезот во двор ти е и влезот во гаражата, така?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Градина
« Одговори #321 на: 04 Јуни 2018, 12:47:22 pm »
супер излегло
посебно убаво е кога сам ќе си направиш :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Градина
« Одговори #322 на: 04 Јуни 2018, 12:55:19 pm »
Браво мајсторе

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #323 на: 04 Јуни 2018, 13:04:38 pm »
Благодарам за убавите зборови.

Да Зеро, од улица гледано у чело влегуваш во гаража а лево е капијата за во двор, одма едно до друго се. Немам слики во телефонот али ќе пуштам попладне. Делот од гаражата што се гледа од дворот е наменски оставен отворен, за пристап од дворот во гаража и обратно и ако некогаш земам опел да не скапува :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Градина
« Одговори #324 на: 04 Јуни 2018, 20:37:56 pm »
Ете ти.. Паланечка работа... Напраил гаража таман за голфот, кнап да биде.... Утре кука да му тури, вратата нема да може да ја затвори, а не поголема кола да купи...
Се зезам нормално... :)
Со оглед на тоа дека знам дека бехатонкиве се рачно правени, би рекол прекрасно засега, бидејки сум бил лично во овој двор десетина пати во животов.... ;)
Паланчанец... Калапот кај мене иде кога ќе завршиш... Ок?
;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Градина
« Одговори #325 на: 04 Јуни 2018, 21:23:23 pm »
@Дибидус а во Македонија какви калапи има? И фирма.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #326 на: 05 Јуни 2018, 00:26:06 am »
@onak калапот е слободен од следната седмица. Кажи кога ќе ти треба.

@Tesla јас барав по огласите на реклама и пазар и претежно се физички лица што продаваат калапи само што како мојот не најдов. Една фирма од Неготино, не ми текнува како се викаше, произведува најразлични калапи. И неа ја најдов по огласнициве, ги контактирав и ми рекоа дека ако не го произведуваат да им пратам слика ќе го направат само ќе ме кошта повеќе. Им пуштив слика рекоа дека не можат да го направат. Инаку моделите на калапи што тие ги имаа не беа воопшто скапи споредено со мојот. Ако ти треба кажи ќе побарам по интернат и ќе ја најдам фирмата.

Ако на некој друг му треба калапот да се услужи слободно нека ме бара, примопредајата ќе биде у најблиското кафанче :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #327 на: 05 Јули 2018, 04:32:41 am »
Се мислев постот дали да го ставам во темата Еко куќи или тука па одлучив да биде овде од причина што кога ќе биде комплетна сликата ќе има тревник, украсни дрвца и други ситници.

Бидејќи дворот не ми беше среден и изгледаше како класично бауштеле почнав полека да го средувам како што сум го замислил. Предниот дел од дворот ми е некаде 55-60 квадрати и замислата ми е да направам жардинњери од клесан камен од страните, патека од капија до куќа и во меѓупросторот тревник. Еве како изгледаше пред почетокот на работата. (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Е сега, немам слики ама го ископав целиот преден дел 15-20 см во длабочина, вкупно околу 7 кубика земја исфрлив, донесов муљ такоџе 7кубика, се израмни и спремно е за сеење трева. Од капијата во правец на куќата почнав со подготовка на теренот за местење на хоуммејд бекатонки. Идејата ја зедов од тука и некои други слични видеа.
https://www.youtube.com/watch?v=RlopZcqyymc

Калапот не можев никаде да го најдам кај нас, сите огласи ги поминав и ништо па на крајот го најдов во Бугарија што продава слични вакви и од таму го зедов.

Подготовката на теренот за местење на бекатонките се состоеше во одредување на ширина и висина на стазата. Ширината е 1м што е сосема доволно за двајца да одат паралелно еден со друг. Со оглед на тоа дека калапот за правење на бекатонките е 5см длабок, теренот го наполнив со муљ до -6см од посакуваната висина, добро го набив, поминав со ваљак, после тоа насипав 1см двојка ситни каменчиња и со тоа беше спремно за местење. Е сега, гледав на интернат разни видеа каде што под бекатонките ставаат некои пластични плочи врз кои тие се местат, некои ставаат обичен најлон, јас не ставив ништо од тоа.

Калапот за изработка е налик како на видеото погоре, со димензии 50 на 50 см. Смесата за бекатонките се состои од песок единица и цемент во сооднос 2:1, боја за цемент (во мојот случај црвена) која се става заедно со цементот и вода. Мешањето го правев во количка и пред да додадам вода прво на суво добро ја промешував смесата. Пред нанесување на бетонот во калапот, истиот се премачкува од внатрешната страна со уље заради полесно чистење на крајот. Калапот се става на земја, се полни со бетон, се чека 10-тина минути да почне да стврднува, се вади внимателно и се става на следното место за пополнување. Многу напишав а слики слабо па еве како изгледа за почеток.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И се така се реди до крајот па завршно пред фугирање изгледа вака
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
И една од птичја перспектива
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Фугите сакав да ги пополнам со жолта ризла единица ама пошто не најдов а ме мрзеше да просеам песок единица, имав дома веќе просеана земја за цвеќиња па откако добро ја просушив исфугирав со неа. Заборавив само да додадам една лопата цемент во неа ама бидна веќе. Фугите почнав да ги полнам рачно со сипување директно врз нив па откако видов дека ќе ми треба многу време истурив од земјата врз бекатонките и со метла ја разнесов. Вишокот го тргнав, напрскав со вода и крајот му се виде. Еве како изгледаат фугирани
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бидејќи ги правев од три пати секој пат ми излегуваа во различна нијанса, некои посветли а некои потемни. Смесата и бојата секогаш беа во ист размер. Пошто ги прскав со вода секој ден а дел од нив само малку ги фаќа сонце почнаа покасно да сушат и да избледуваат односно да добиваат нијанса како и останатите. Затоа изгледаат шарено ама мислам дека со тек на време ќе станат сите исти. Друго што сум заебал е цел еден калап, или сум ставил малку цемент или појма немам што сум утнал ама сптен сум го промашил и почнаа да се кршат. Ги заменив сите освен две парчиња, чим и тие се скршат одма ќе ги мењам.

Инаку, еве што се од материјал ми требаше и колку ме чинеше целиот зафат за 6 квадарти:
-   Калап 1800 ден (цена 1500 + транспорт 300 ден од Бугарија)
-   Песок единица ¼ кубик 200 ден
-   Цемент 2 вреќи од по 50кг 600 ден
-   Муљот не го рачунам пошто веќе го имав, како и ситните каменчиња двојка
-   Боја за цемент 10кг х 150ден/кг или 1500 ден
Вкупно 2300 ден за материјал не вклучувајќи ја цената на калапот или грубо 400 ден од квадрат.

Во глобала ништо посебно, темпото на правење со еден калап е малку бавно ама со два или повеќе ќе биде далеку побрзо. Далеку се од идеални ама и далеку се од лоши за изглед. Како за лаик и прв пат правење на вакви бекатонки јас сум задоволен од исходот.

Едит:  Почна да заличува на нешто

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Уште еден апдејт

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #328 на: 05 Јули 2018, 16:38:12 pm »
Де ла пласт се вика фирмата од Неготино.

Единечни калапи чинам имаат.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #329 на: 06 Јули 2018, 05:29:57 am »
Да, таа е фирмата.