Автор Тема: Градина  (Прочитано 156617 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Градина
« на: 14 Март 2013, 20:19:28 pm »
Мераклија сум на зеленило па земав околу 30-на зимзелени дрвца ги насадив во канти од поликолор за привремено и направив дупчиња на дното водата да истекува да не скапуваат корењата.

Ми препорачаа ѓубриво валентино ако сакаш позелено да е, да не се суши. Земав тетрасан намаше од тоа, па ќе видиме како ќе биде. Има некој некоја препорака?

Знае ли некој точно колку пати може годишно да се шишаат?


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Градина
« Одговори #1 на: 14 Март 2013, 20:31:29 pm »
Се шишаат еднаш во 4 години а се подкаструават секој ден. Learn from experience :)

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Градина
« Одговори #2 на: 15 Март 2013, 01:04:28 am »
Јас планирам да го расипувам тревникот да го насеам одново, не ми се допаѓа.

Ако знае некој да ми каже некоја добра сорта и име на семе, какво треба да биде местото и каква е постапката на сеење.
Дали е подобро да биде само земја или да биде песокливо за да има дренажа?

Сакам тревникот да го направам да биде како зелен ќилим. :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #3 на: 15 Март 2013, 01:11:44 am »
Добра тема.

Јас сакам да земам викендов 4-5 дрвца. Ми треба масивно саморасно дрво па едно или две планирам да се багреми. Остатокот ќе видам. Најважно ми е да расте што е можно побрзо и да има што поголема крошна.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Градина
« Одговори #4 на: 15 Март 2013, 11:32:05 am »
Сега околу дрвцава...

Јас дома имам една кајсија и крушка во двор :)

Кајсијата е многу убава во пролет...  само на есен е шугаво ништо нема на нејзе... А крушката е мн чудна... една година има многу ептен многу крушки многу ке роди, а другата година... едвај 1-2 кеси да наполниш....


Е сеа предлог до Дени, не е лошо и една овошка да насадиш.... за 2-3 години, од коа ке се насади ке роди... плодови...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Градина
« Одговори #5 на: 15 Март 2013, 13:47:16 pm »
Ова ми е сон...



Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Градина
« Одговори #6 на: 15 Март 2013, 13:56:30 pm »
Сега веќе е и мој сон :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Градина
« Одговори #7 на: 15 Март 2013, 16:22:55 pm »
Да си го претставам мојот проект од пред 2 години.

Имено, имав вишак време и некој денар и се решив да го средам дворчето позади, кое иако не е големо успеав колку толку да го претворам во местенце каде што можам да поуживам и тотално да се релаксирам. Сите доленаведени работи ги сработив сам со помош на едно другарче.

Па така во левиот дел, вметнав мини градинче кое е лесно за одржување.


Ставив ситен камен место трева највеќе заради кучката(подобро кажано стоката :D) која претходно ми ја уништуваше тревата.


Во средина направив фонтата, која по некоја случајност функционира како што беше замислена, што барем на мене ми претставува убав додаток и за гледање и за слушање(се додека не ти се примоча :D)




А на десниот крај изѕидав скара, пошто нАли дворче без скара не е двор. Планирав и фурна да ставам, но откако размислив дека реално нема толку често да ја користам се откажав од тоа.



Воглавно тоа е тоа. Сликиве(освен скарата) се малце постари, па така сега во фонтаната има засадено ползавци, односно не во фонтатана туку во жардињерите од страна( се гледаат на сликите). Исто така растенијата во градинчето се убаво пораснати, но со оглед на тоа дека не се разбудени од зимскиот сон не ги сликав сега.

Инаку ми требаше околу месец дена да го завршам, но со натенане работа без никакво брзање. И препорачувам на секој што има услови, да си го среди дворчето по ќеф и да ги искористи благодетите што ги нуди истото.


 

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Градина
« Одговори #8 на: 15 Март 2013, 17:41:25 pm »
Ќошето со дрвцата многу ми се свиѓа.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Градина
« Одговори #9 на: 15 Март 2013, 17:57:54 pm »
Ние си прашуваме ама нема некој експерт изгледа за хортикултура да ни одговори.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Градина
« Одговори #10 на: 15 Март 2013, 18:55:10 pm »
Се шишаат еднаш во 4 години а се подкаструават секој ден. Learn from experience :)

Грешка си.


Повеќе тука има инфо.
http://cvetnagradina.mk/?page_id=1250

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 921
Одг: Re: Градина
« Одговори #11 на: 15 Март 2013, 23:39:15 pm »
Kako i koga se krati tuja od tipot smaragd,?? imaat veke 2.5god i sigurno se visoki okolu 1metro i .50cm

I sto tip na gubrivo da zemam za niv??

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Градина
« Одговори #12 на: 16 Март 2013, 10:30:47 am »
Земи валентино мене такво ми препорачаа, видов има во бриколаж 150-160 ден. кг.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Градина
« Одговори #13 на: 16 Март 2013, 10:42:53 am »
кое дрво е нај подобно за онаква ограда... како колчиња се редат со забивање во земја, тоа знам, ама кое дрво е нај издржливо?

после тоа, фирнајс треба ли да се премачка? и дали пред или откако ке ги забуцаш во земја? или можда има готови вакви да си ги купиш за вакво редење... која цена за која количина?

сум го гледал ова вака наредено на многу места и ми запнало за око, ама никако да дојде на ред тоа да го направам во викендицата, а фино изгледа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Градина
« Одговори #14 на: 16 Март 2013, 12:18:50 pm »
@onak
За оградичката ја земав најобични дрва од стовариште(не ми текнува какво дрво поточно е), и таму ми ги исекоа на парчиња. Јас ги премачкав 3 раце со лак за чамци пред да ги ставам, само што јас ги ставив во темелче со цемент затоа што треба да држат земја, па постабилно да е.
Готови мислам дека имам видено во Бриколаж ама не ми правеа нешто мерак. А мене ова ме кошташе околу 2-3.000 денари со се лак и сечење