Верно од збор до збор и до потписот на крај!
Јас имав сместување кај пријател, кој уствари ми го покажа и ме однесе до бесплатниот паркинг. Колата три дена си беше таму, а ние ја шетавме Виена со јавен транспорт нормално.
За Прага ни препорачуваа да не одиме на шетање со кола, поради исклучително тешкото наоѓање на асолен и ценовно прифатлив паркинг, и поради можноста за кражба и/или обивање на возилото. Така да, и таму беше јавен транспорт all the way 
Во Прага па ептен нема поента од кола.. Јас имав паркинг во склоп на хотелот, со обезбедување и камери.
Се друго јавен транспорт. Во 5-10 дена, воопшто не користев кола.
Плус во Прага е штета да не можеш да пиеш пиво во неограничени количини , па дефинитивно кола е пречка

Јас најскап паркинг имам плаќано во Швајцарија. Имено за да избегнам скапи хотели во Женева и Лозана, се сместив во Тонон (во Франција, многу близу до Евиан (прочуен по водата), Монтре (прочуен од Џез Фестивал -от, и музика (и во овој град има многу статуи, ама за разлика од нас кај нив се статуи на Џез Музичари и тоа низ целиот град)), и релативно близу до Женева и Лозана).
Меѓутоа она што го заштедив на хотел, ми одеше на паркинг , бидејќи морав да користам кола за да стигнам од Тонон до Женева, односно Монтре и Лозана.Нареден пат, истиот алгоритам

Хотел во местото со паркинг, а кола само за да стигнам до местото.. Се друго јавен транспорт, пешки или точак.
Дарко