Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 303532 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2651
Одг: Фарбање
« Одговори #1080 на: 22 Јули 2026, 16:11:13 pm »
Која кола „оваа“ е? :)

Тука не ја претставува ама во Фејсбук Алфа групата ја стави веќе.  ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18210
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Фарбање
« Одговори #1081 на: 22 Јули 2026, 16:23:59 pm »
Која кола „оваа“ е? :)

Тука не ја претставува ама во Фејсбук Алфа групата ја стави веќе.  ;D

За тука не е спремна, слики нема доволно :)
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4206
Одг: Фарбање
« Одговори #1082 на: 22 Јули 2026, 16:25:30 pm »
ФБ и Инста не ми се на радар :)  Арна да и е среќата, знаејќи го @MartinAlfista сигурно добра грижа ќе има.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
Одг: Фарбање
« Одговори #1083 на: 11 Септември 2026, 21:07:46 pm »
Дечки, вакви гребаници кој може да среди профи да не се познава дека било изгребано.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2952
Одг: Фарбање
« Одговори #1084 на: денес во 08:38:35 »
Не знам дали е во ред тука да постирам, најсоодветно ми изгледа темата.

Имам едно мало место на колата што сакам да го санирам, закачив странично на еден столб, па сакам да го заштитам во иднина да не корозира.

Каде на едно место во Скопје може да купам се ама во мала количина, што се вика за една употреба: основна боја, боја по код во спреј шише, анти рост, шмиргли, безбоен лак?

Не знам шмиргли дали имаат ама сѐ останато има во Max Meyer: https://maps.app.goo.gl/FeZsToXACTUXRMgD7

Да апдејтирам: Уште тогаш кога пишав поминав Max Meyer (шмиргли, немаше водени 2000-3000), Босони во Лисиче (тука ми направија боја и докупив прајмер и лак).

Тоа што планирав средив на колата, остана да се измазни линијата каде што беше залепена траката. Погрешив што пробав тоа да го направам истиот ден и со погруба шмиргла (800). Среќа на едно мало место, се направи мат и различна нијанса (излгеда сум скинал и од новата фарба при обидот да направам „прелаз“).

Морав да досредам, плус немав полир паста и фина водена шмиргла, гуглав и ми излезе Rafmak во Ѓорче Петров. Таму најдов водени шмиргли, имаа полир паста во поголема амбалажа а пошто ми требаше ептен малку ми стави во едно капаче гратис. Муабетот мие деак се стварно опремени и од тоа што видов таму може и они панел да ти средат (имаше една халба се сушеше) ама се брзав и не ги прашав за таа услуга.

Ја искористив полир пастата за уште неколку места (и бравите од вратата, беа доста изгребани, сега се како нови). Нема да биде лошо да си земам едно шише полир паста (толку брзав што не ги ни прашав колку пари е едно цело такво) и да се среди колата на места каде што е изгребана и сл. Дефинитивно треба да земам брусалка, односно тоа сакав да прашам, дали на мојата Макина штрафилица може да ставам/купам додаток со плоча на која би ставал брус хартија, сунѓер за полирање или мора да се земе посебна брусалица?
Своерачен потпис ;)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8421
  • Плинаш!!!
Одг: Фарбање
« Одговори #1085 на: денес во 09:38:43 »
Сакаш да кажеш дека во рафмак фарбаат? Во Хром во дуќанот?

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2952
Одг: Фарбање
« Одговори #1086 на: денес во 09:48:22 »
Имаше тазе исфарбана халба во дуќанот, стоеше на држач. Не ми изгледаше на класична продавница за бои и лакови, наликуваше и на работилница. Штом ми даде малку полир паста да се услужам, изгледа и работат во дуќанот.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8421
  • Плинаш!!!
Одг: Фарбање
« Одговори #1087 на: денес во 16:01:07 »
За дуќанот во Хром збориме така? Затоа што знам дека имаат покрај обиколница пред Сарај уште една продавница или можеби и сервис е. Од обиколница изгледа како сервис ама никогаш не сим бил. А таа во Хром ептен ми е во комшии. Сеа се префрлени на крај на уличката во новата зграда.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk