Не знам дали е во ред тука да постирам, најсоодветно ми изгледа темата.
Имам едно мало место на колата што сакам да го санирам, закачив странично на еден столб, па сакам да го заштитам во иднина да не корозира.
Каде на едно место во Скопје може да купам се ама во мала количина, што се вика за една употреба: основна боја, боја по код во спреј шише, анти рост, шмиргли, безбоен лак?
Не знам шмиргли дали имаат ама сѐ останато има во Max Meyer: https://maps.app.goo.gl/FeZsToXACTUXRMgD7
Да апдејтирам: Уште тогаш кога пишав поминав Max Meyer (шмиргли, немаше водени 2000-3000), Босони во Лисиче (тука ми направија боја и докупив прајмер и лак).
Тоа што планирав средив на колата, остана да се измазни линијата каде што беше залепена траката. Погрешив што пробав тоа да го направам истиот ден и со погруба шмиргла (800). Среќа на едно мало место, се направи мат и различна нијанса (излгеда сум скинал и од новата фарба при обидот да направам „прелаз“).
Морав да досредам, плус немав полир паста и фина водена шмиргла, гуглав и ми излезе Rafmak во Ѓорче Петров. Таму најдов водени шмиргли, имаа полир паста во поголема амбалажа а пошто ми требаше ептен малку ми стави во едно капаче гратис. Муабетот мие деак се стварно опремени и од тоа што видов таму може и они панел да ти средат (имаше една халба се сушеше) ама се брзав и не ги прашав за таа услуга.
Ја искористив полир пастата за уште неколку места (и бравите од вратата, беа доста изгребани, сега се како нови). Нема да биде лошо да си земам едно шише полир паста (толку брзав што не ги ни прашав колку пари е едно цело такво) и да се среди колата на места каде што е изгребана и сл. Дефинитивно треба да земам брусалка, односно тоа сакав да прашам, дали на мојата Макина штрафилица може да ставам/купам додаток со плоча на која би ставал брус хартија, сунѓер за полирање или мора да се земе посебна брусалица?