Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 205667 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Фарбање
« Одговори #960 на: 28 Април 2024, 11:39:46 am »
Земи како моето браво, солидно влече https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4989124

Сет ребраст ти е 100 евра, дискови комплет сосе плочки 10 000 денари, мал сервис исто ефтин зависи што уље и филтри ќе си ставиш.

Е сега само има двомасен замаец.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Фарбање
« Одговори #961 на: 28 Април 2024, 11:42:09 am »
И мењачите имаа проблем, мада сега е се евтино, распространети коли се.

Нестор што е проблемот со електрониката? Во ужи круг имаме пунто ево. Тера 14-та година, ни да крцне.

Забораив да допишам. И корса ц види, ама никако 1.0 моторот. Никако.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарбање
« Одговори #962 на: 28 Април 2024, 11:53:48 am »
Не сме на фемина бе беар. Корса Ц може само downgrade да биде, значи истите делови, слични мотори, што ќе добијам плус? Дека ќе биде 2002? Ќе изгубам комотност и багажен простор? Па не ми е мене колата за сам, со колата често патуваме 4-5 души.

За пунтото - не работат стаклата електрични(пречест проблем), електрично серво, рандом чек енџин, моторен компјутер, абс, често влегува вода кај таблата со осигурачи и така натаму.

@FiLo е бравото би влегло во листата, претходниот газда на колава има такво, кај него е 1.6 120кс влече доста, а и тој така ги вози колите  ;D
Убаво е внатре, ама секоја кола си има мааничка - менувач и електроника во случајов со колава. Често се носи браво кај нас.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Фарбање
« Одговори #963 на: 28 Април 2024, 12:04:10 pm »
Оштар вкус имаш.
Ти сакаш лексус дефинитивно, и бараш од членовите да те поддржиме. Ако имаш финансии за одржување, терај со лексус, ја имаш нашата поддршка. Ќе заокружиме за лексус.  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54989
  • Махер
Одг: Фарбање
« Одговори #964 на: 28 Април 2024, 12:16:30 pm »
Поскапени се фарбариве едно 100-150%, едно време беше 50 евра корекција локална, сега околу 100-150 еур.
Добро, нормално и очекувано е да поскапи, како и се друго, не се будали за беспари да работат, ама сепак доста покачено.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Фарбање
« Одговори #965 на: 28 Април 2024, 12:19:33 pm »
@FiLo е бравото би влегло во листата, претходниот газда на колава има такво, кај него е 1.6 120кс влече доста, а и тој така ги вози колите  ;D
Убаво е внатре, ама секоја кола си има мааничка - менувач и електроника во случајов со колава. Често се носи браво кај нас.

Само 1.9 мјет 120 коња е со фиатов менувач. Ама на зепферс ако ги споредуваш, каде каде е поспоро во однос на сите останати браво модели што користат 6 степен менувач.
Овој 6 степен менувач што се однесува до самиот пренос е идеално подесен и генерално во сите брзини влече.

Да менувачот е тој, ама и по гугл има типс како да се продолжи векот, од ставање на соодветно и квалитетно масло, потоа да се досипе малку повеќе од препорачаната количина и воглавном во 5та и 6та од ниски вртежи да не се форсира ниту вози.
Сето тоа сега јас го применувам на другиов менувач.

Електрониката засега работи океј кај мене, освен климатроникот, ама веќе утре ми е закажано да се растура табла и да се проверат моторите на климатроникот и целиот сет на запчаници за регулација топло ладно и горе доле позиционирањето.

На крај краева не се венчаваш ни со таа кола, ти истекла забраната, земаш нешто поново појако бидејки такви ти се критериумите, возиш 2-3 години, потоа идеш даље, бараш друго.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарбање
« Одговори #966 на: 28 Април 2024, 12:20:33 pm »
@Deni Баш ќе прашам деновиве која цена ќе ми ја каже мајсторот. Памтам добро минатиот пат колку рече за ова и беше дури смешна цена.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Фарбање
« Одговори #967 на: 28 Април 2024, 12:25:04 pm »
Браво 1.9 8в 120кс со мануал клима перфекција за 4к.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Фарбање
« Одговори #968 на: 28 Април 2024, 12:31:48 pm »
Не, фала. Ни еднаш нема да се свртам по оваа кола откако ќе ја исперам. И не е над 90кс. Веќе направив 2 години искуство, па се повеќе ме привлекуваат 130+ коњи.

Пунтото е круто, се возиме на работа со такво, многу страда електрониката на тоа пунто. А и астрата на задна клупа има повеќе место (најчесто седам назад во пунтото). И фиеста исто така отпаѓа од 2007-2008.
Би останал на Ц сегмент ако немам финансии за класа погоре - Голф 5ка, Мерцедес Ц класа, Бмв 3.

Имам специфичен вкус...
Fiesta od 2008 e kola za astrata


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Фарбање
« Одговори #969 на: 28 Април 2024, 12:41:16 pm »
Фиестат е потесна малку, ама држи на пат, како по шина е.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Фарбање
« Одговори #970 на: 28 Април 2024, 12:46:45 pm »
Несторче, си имаш ти проблем во главата. И јас го имав. Сакав/м да возам половна кола но да е перфектно здрава, ко нова. Нема такво нешто колку пари и да вложиш во неа. Затоа купив нова, ама и таму наоѓам маани. Земи дупи нешто на страна, заеби колата, или ако сакаш веќе јака кола имам CLS за тебе за екстра цена.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Фарбање
« Одговори #971 на: 28 Април 2024, 13:18:27 pm »
Продавај тоа пензионерската кола и зимај
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4347040

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Фарбање
« Одговори #972 на: 28 Април 2024, 22:47:40 pm »
си размислувал за октавија? мислам дека ти одговара со цена/простор на тоа што го бараш

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Фарбање
« Одговори #973 на: 29 Април 2024, 12:31:52 pm »
Нешто до 4к евра без уште толку влог (по мој ќеф) не најдов...
Или гуми фалат и уште еден сет бандажи (најмалку 500€ влог тука) или ако е дизелче си сака дпф и егр офф, чистење на грани. Поасолно мислиш дека би било астра х бензинец? Не. Голф 5ка дизел извозен повеќе од астрава? Не. Ауди А4ка или А6ка?(ако одиме на нешто поголемо повеќе трошоци) Не. Бмв не сакам. Волво  и тојота до таа цена нема, а и ентериерот не е по мој вкус. Единствена замена после астрава би бил Лексус. Нормално и во него има влог. А муабети од типот продади ова, земи поасолно, не фала. Еве најди ми нешто поасолно од астрава (бензин, плин) од 90кс па нагоре по цена дупла од астрава и ќе ја земам под услов да нема корозија, да има ербези наместо отпорници, маслождер да не е, да не цркаат дизни, да нема проблеми со електроника, добар ентериер, итн. Единствен влог да ми е сет ребраст, гуми, масло (ако треба и flush и промена во мотор, менувач, серво), антифриз, глицерин, регистрација и гориво, иако не е мала листата и ретко кој менува во секој дел течности, ама ете, прифаќам да биде тоа сменето од моја страна. Астрата ако се продаде за 2к (имам понуда), ќе додадам уште 2, само најдете нешто што ќе биде на ниво на кое ми е сега астрата.

Скроз оф-топик ви е муабетов, ама еве. Astra H GTC, 1.9 дизел, 150 коња. Според мене, една од најубавите Астри и плус купе. И плус со убавите тркала. За млад човек, одлично. Се продава за 3.700. Да испреговараш да ја земеш за 3.300 - 3.400 и да ти останат 600-700 Евра за средување.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4980989

А за сите други услови што си ги навел („да нема корозија, да има ербези наместо отпорници, маслождер да не е, да не цркаат дизни, да нема проблеми со електроника, добар ентериер“) - арно ти рече @MAPJAH, ти бараш перфектно здрава половна кола. Тоа нема. Односно има, ама треба да бидеш спремен да одвоиш повеќе пари.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Фарбање
« Одговори #974 на: 07 Мај 2024, 07:55:17 am »
Прпорака совет оваа гребаница како можам во домашни услови да ја потсредам за да не зарга дека е длабоко бајаги некој за празнициве на паркинг автограм ми оставил и ако би правел боја каде прават 10мл итн не верувам повеке дека би требало? и процес ако некој фиксирал вакво нешто да сподели