Епа еве есен дојде викендов. Врнеше неколку дена Битола, јас есенски се осетив па се фрлив во промет.
1. Подготовка направена дигната кола на трупчиња двете предни тркала извадени

2. Bremobo дискови спремни обезмастени со Brake Cleaner, централно офарбани со силиконски спреј за ауспуси/издувни грани.

3. Спремни нови плочки Valeo, во недостаток на кит за монтажа задната површина „замастена“ со силиконски спреј.

4. Изваден стар диск спремен за локаните собирачи на старо железо.

5. Лежиштето шапите и носачот пдлегнаа на стругање со челична четка и лесно освежување со силиконски спреј за ауспух

6. Монтиран нов диск

7. Склопена шапа со нови плочки

8. Монтирано тркало провозено 5км по обиколница да запали малце горниот слој.

Фали пиво на крај.. ама не стигнав
