Автор Тема: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?  (Прочитано 12420 пати)

Отсутен martin.trax

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Го практикувате ли ова? Менување од прва во трета па во петта брзина, избегнувајќи ја втора и четврта.

Релативно млад возач сум, година дена искуство имам. Дознав за ова, но бидејќи не сум стручен доволно, не знам дали е паметна работа.
Разбрав дека се заштедува на гориво, но дали се оштетува моторот со овој начин на менување брзини?

Кои се Вашите ставови околу ова?  :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3997
  • MadaFunker
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #1 на: 05 Март 2013, 02:31:12 am »
Прв пат слушам за ова...а и не би го препорачал. Сигурно производителиве на коли не ги ставале менувачите со 5 ( или колку било ) брзини за да се скокаат одредени брзини..
New blood of old school

Отсутен martin.trax

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #2 на: 05 Март 2013, 02:49:15 am »
Има доста дискусии околу ова на странски форуми, но сакав од наши луѓе да слушнам одговор. Инаку, имам неколку таксисти забележано дека вака возат...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #3 на: 05 Март 2013, 08:27:44 am »
1. Зошто би се практикувало ова прво прашање,, што се добива?
2. На база на што се намалува потрошувачката? Што е тоа што ја намалува? Напротив, постојат сите елементи за зголемена потрошувачка.

Прати некој линк од сртански форум да испитаме за што станува збор. Ова обично го практикуваат возачи на камиони кои имаат по 10-12 брзини. За во автомобил е нонсенс според мене.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #4 на: 05 Март 2013, 08:33:16 am »
Дали е штетно за моторот или менувачот прашуваме, не дали има поента.
Лична навика е, како што враќаш две брзини назад пред семафор што чекаш да "позелени", така би можело и тука да се скокнат.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #5 на: 05 Март 2013, 08:35:11 am »
1. Затоа што ако не ја цедиш колата, т.е. убрзаваш лагано ќе потрошиш можеби помалку гориво
2. На база на тоа што во просек ќе возиш на пониски вртежи, значи помалку вбризгувања на гориво. Секако под условот од точка 1, т.е. да убрзаваш лагано

Не е нонсенс за автомобил ако убрзаваш на приемр од 0 до 60км/ч, а притоа целта е да крузаш во 5-та брзина со 60 км/ч. Јас на пример кога цивилно убрзавам тоа оди 1-2-3-5, така што во првите три брзини убрзувам до 60 км/ч, а потоа ставам и крузам во 5-та без да убрзавам. Кај други возила со различни моќности, ефикасности и соодноси на преносот друга шема можда ќе даде поинтересни резултати.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #6 на: 05 Март 2013, 08:44:00 am »
И тоа не е лошо, ама треба во прва да шалташ на 4000 вртежи до 30 за после да ставиш во трета при 1500 вртежи. Не гледам поента. А за менувачот и моторот нема зошто да биде штетно. Штетно е за мењачот ако ја цедиш со максимален бро на вртежи.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #7 на: 05 Март 2013, 08:46:10 am »
Кај други возила со различни моќности, ефикасности и соодноси на преносот друга шема можда ќе даде поинтересни резултати.


Многу важен момент. Логиката е во глобала таа, ама ова е голем фактор во валидноста.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #8 на: 05 Март 2013, 08:51:25 am »
Фаланга, дали има поента или не ќе знаеш кога ќе интегрираш по ефикасноста на моторот во опсег на вртежи во сите брзини при зададено (фиксно) оптеретување на моторот. Потоа ќе видиш дали е поефикасно или не. Брзините не се поставени само за ефикасност туку и за мобилност, т.е. за испорачување на снага на тркалата кога е потребна. Па така не значи дека е поекономично ако шалташ во секоја брзина, а притоа немаш реална потреба од неа.
Јас на пример, многу често додека возам и сум на пример во втора и имам потреба да возам 40 км/ч директно убацувам во четврта. Според тоа колку снага и треба на колата, звукот кој го произведува и одзивот на притискањето на педалата имам чувство дека трета ми е вишок во тоа сценарио и дека само ми јаде гориво.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #9 на: 05 Март 2013, 08:55:01 am »
Се убаво тоа возење на ниски вртежи и прескокнување на брзини, само незнам што би имале да кажат во самоодбрана ламелата и менувачот.

;D ;D ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #10 на: 05 Март 2013, 08:57:00 am »
За цивилно возење на ниски вртежи нема што да кажат. Плус со тоа што кратиш на мењање и стискање на кумплуг помалку ја малтретираш ламелата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #11 на: 05 Март 2013, 08:57:47 am »
Ова го правев порано често. За лагано движење е добро.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #12 на: 05 Март 2013, 08:59:33 am »
Потисната мислиш?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #13 на: 05 Март 2013, 09:12:59 am »
1-3-6 или 1-2-4-6 ...
Колата не се мачи, а и помалку троши според бордот ...

Како што кажа гОЈДО, поентата е да дојдеш во висок пренос без премногу малтретирање ...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: '1 - 3 - 5' - менување брзини // ЗА или Против?
« Одговори #14 на: 05 Март 2013, 09:13:44 am »
шалтање 1-3-5.. поголема глупост НЕМАМ ЧУЕНО!!... јас еднаш возев така.. ама само еднаш... кога ми се сјеба шалтерот, додека да стигнам до гаража.

ако веке возиш 1-3-5 заради заштеда (што чисто сумњам) за во рикверц, изгаси ја колата и излези буткај ја...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време