Автор Тема: Однос кон купувачите во салоните на автомобилските импортери  (Прочитано 59394 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Oni si znaat, slednata godina planiram da se podnovuvam... I nema veke da bide nisto od Porcshe Skopje dokolku ne dadat gatis 5godini garancija... :) Tojoti imajki ...

Тепаат кој нејќе да земе 5 години гратис гаранција.

Башка, не знам што си очекувал, пошто едноставно, истечена ти била гаранцијата. Не за ден-два, туку месец дена, па би рекол дека е излишно да се очекуваат некои гратиси или што ти ја знам какви поклони.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Cele004

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
  • Секој успех е триумф на упорноста
Мислам, значи млад сум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29609
    • CARclub.mk
Нема врска со импортерот - импортерот на Тојота е супер.

Едноставно, Тојота е бренд кој (според мене барем) во моментов не нуди ништо интересно, односно ништо што е подобро од конкуренцијата.

- Ајгото не требало да излезе од дизајнерско студио. Ако избраниот дизајн е најдобар од понудените, ме интересира како изгледале другите.
- Јарисот е конзерва со превисока цена. Една од најлошите коли кои што сум ги возел. Зборот со кој го опишувам е "hateful".
- Аурисот е добар, ако можеш да го преџвакаш квази-Hyundai-i30 дизајнот. Јас не можам. Дополнително, Аурисот е кола со многу чудно поставена суспензија. Крута, ама љуљава. Една од ретките коли во кои ми се повраќало на возачко седиште. Сепак, ок кола е, само толку потресително ружна.
- Королата е комедија. Единствена кола што ја знам, што кога го затвараш багажникот мораш да го притиснеш точно на средина. Ако повлечеш некаде на страна (како што прават сите нормални луѓе), поклопецот се деформира и не може да се затвори. До толку е тенок лимот.
- Авенсисот е добра, но ружна кола. Со фејслифтот ја оправија малку ситуацијата, но не доволно. Како и да е, се очекува нов Авенсис наскоро, па сегашниот може да се земе за нормална цена. Ако можеш да издржиш да го гледаш секој ден. Или си слеп, ама па ако си слеп не би требало да возиш.
- Рав4.. Have you seen it?
- Land Cruiser-от е способно, но повторно, неверојатно ружно возило. Надминат од Range Rover во секој можен поглед, а не ти треба да испиеш литро виски пред да можеш да погледнеш во негова насока. А ако си пијан, не смееш да возиш, така да, џабе вискито.

Единствена интересна кола што ја нудат е GT 86. Ама тоа е повеќе Субару него Тојота.

Слободно купи Тојота. Она што ќе му го кажуваш на светот следните 5 години (додека ти трае гаранцијата) е дека единствената важна работа при изборот на возило ти била токму гаранцијата.

п.с. Немој да се лажеш и да си помислиш дека Тојоти не се расипуваат..

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Го заборави најбитното - сеуште немаат ниту еден турбо бензинец во гамата на мотори, туку тераат со олд скул атмосферци

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29609
    • CARclub.mk
Не стигнала да ми се свиѓа некоја Тојота за уопште да се замарам со мотори.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Аурисот мене ми е ептен убаво возило. Не сум возел нити сум се возел 9верувам да си во право) ама не е до толку потресително ружна.

EDIT: сеа ми текна дека ствари ти правиш муабет за новиот аурис. И да, потресително ружен е! За стариот зборев јас кој ми се свиѓаше (во тоа време 2008ма негде ваљда беше тоа)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17454
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Јарис бензинец со волан и тркала или Фиеста дизел со Титаниум опрема? Тоа беше изборот кога ме шеташе Класниот по салони да разглеаме што има. Нормално дека одбрав Фиеста. Не Титаниум, ама пак имаше повеќе опрема од Јарисот во основна.

Отсутен Cele004

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
  • Секој успех е триумф на упорноста
Нема врска со импортерот - импортерот на Тојота е супер.

Едноставно, Тојота е бренд кој (според мене барем) во моментов не нуди ништо интересно, односно ништо што е подобро од конкуренцијата.

- Ајгото не требало да излезе од дизајнерско студио. Ако избраниот дизајн е најдобар од понудените, ме интересира како изгледале другите.
- Јарисот е конзерва со превисока цена. Една од најлошите коли кои што сум ги возел. Зборот со кој го опишувам е "hateful".
- Аурисот е добар, ако можеш да го преџвакаш квази-Hyundai-i30 дизајнот. Јас не можам. Дополнително, Аурисот е кола со многу чудно поставена суспензија. Крута, ама љуљава. Една од ретките коли во кои ми се повраќало на возачко седиште. Сепак, ок кола е, само толку потресително ружна.
- Королата е комедија. Единствена кола што ја знам, што кога го затвараш багажникот мораш да го притиснеш точно на средина. Ако повлечеш некаде на страна (како што прават сите нормални луѓе), поклопецот се деформира и не може да се затвори. До толку е тенок лимот.
- Авенсисот е добра, но ружна кола. Со фејслифтот ја оправија малку ситуацијата, но не доволно. Како и да е, се очекува нов Авенсис наскоро, па сегашниот може да се земе за нормална цена. Ако можеш да издржиш да го гледаш секој ден. Или си слеп, ама па ако си слеп не би требало да возиш.
- Рав4.. Have you seen it?
- Land Cruiser-от е способно, но повторно, неверојатно ружно возило. Надминат од Range Rover во секој можен поглед, а не ти треба да испиеш литро виски пред да можеш да погледнеш во негова насока. А ако си пијан, не смееш да возиш, така да, џабе вискито.

Единствена интересна кола што ја нудат е GT 86. Ама тоа е повеќе Субару него Тојота.

Слободно купи Тојота. Она што ќе му го кажуваш на светот следните 5 години (додека ти трае гаранцијата) е дека единствената важна работа при изборот на возило ти била токму гаранцијата.

п.с. Немој да се лажеш и да си помислиш дека Тојоти не се расипуваат..
Не дека тојотите не се расипуваат. Баџото го купи аурисот сега скоро и има 5 год гаранција и гледавме на страната на тојота за редовен сервис ума давачки од нешто малку повеќе од 1к за тие 5 години. Така да за вкусот не коментирам ама некако исплатливо изгледа одржувањето додека е под гаранција
Мислам, значи млад сум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29609
    • CARclub.mk
Аурисот мене ми е ептен убаво возило. Не сум возел нити сум се возел 9верувам да си во право) ама не е до толку потресително ружна.

EDIT: сеа ми текна дека ствари ти правиш муабет за новиот аурис. И да, потресително ружен е! За стариот зборев јас кој ми се свиѓаше (во тоа време 2008ма негде ваљда беше тоа)



Let's agree to disagree.


Едит: Така, мило ми е дека се разбираме.

--

Edit:

Не дека тојотите не се расипуваат. Баџото го купи аурисот сега скоро и има 5 год гаранција и гледавме на страната на тојота за редовен сервис ума давачки од нешто малку повеќе од 1к за тие 5 години. Така да за вкусот не коментирам ама некако исплатливо изгледа одржувањето додека е под гаранција

Гаранцијата е супер работа. Мирна глава за поголеми проблеми. Реално, и јас би сакал VW да даваше 5-годишна гаранција (сега даваат, со доплата, педери). Но, гаранцијата исто така е одличен начин да те обврзат да одиш кај нив во сервис следните 5 години. Заработката на продажбата на возила е драстично намалена, многу повеќе (и поредовно) се заработува на редовното сервисирање.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Не дека тојотите не се расипуваат. Баџото го купи аурисот сега скоро и има 5 год гаранција и гледавме на страната на тојота за редовен сервис ума давачки од нешто малку повеќе од 1к за тие 5 години. Така да за вкусот не коментирам ама некако исплатливо изгледа одржувањето додека е под гаранција

Дап, само изгледа така...


Класен, го едитирав мислењето :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29609
    • CARclub.mk
Јарис бензинец со волан и тркала или Фиеста дизел со Титаниум опрема? Тоа беше изборот кога ме шеташе Класниот по салони да разглеаме што има. Нормално дека одбрав Фиеста. Не Титаниум, ама пак имаше повеќе опрема од Јарисот во основна.

Фиестичето што вие го земавте е сосема добро опремено, со оглед на цената која ја добивме. Да не праиме муабет дека е дизелче и троши као Егеец.

@DayWalker: И јас. :)

Отсутен Cele004

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
  • Секој успех е триумф на упорноста
Одг:
« Одговори #191 на: 07 Септември 2014, 21:04:31 pm »
Да во право сте највеќе заработуваат од сервиси нели обврзан си да ги правиш кај нив ако не прости се од гаранција. Кога сме веке кај вкусовите Zero се согласувам со тебе. Викендов бев за Битола имав прилика да го возам аурисот повеке километри и воопшто не ми се допага колата и во никој случај не би дал толку пари за неа
Мислам, значи млад сум!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17454
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Фиестичето што вие го земавте е сосема добро опремено, со оглед на цената која ја добивме. Да не праиме муабет дека е дизелче и троши као Егеец.

5.1 потрошувачка во последниве 1900 километри, 50-50 градска/отворено. Со оглед на тоа што не се штеди по автопат, тоа е прекрасна потрошувачка. За цената уште ми идат флешбекови колку ефтино испадна :)
Пак ќе речам, ако се бира меѓу Форд и Тојота во моментов, при 5 години гаранција кај двата импортери, би биле луди тие што ќе се одлучат за Тојота. Убедливо најмалку за парите нуди.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Ne site kupuvaci razmisluvaat kako vas, nekoj ednostavno saka da zapali I da vozi, a Toyota tuka e edna od najdobrite I najizdrlivite.Spomnuvate izgled, toa e individualno, a ako sakate da ja zavrtite vodata na drugo kesto oazete direktno a ne so setanje po tavani.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг:
« Одговори #194 на: 07 Септември 2014, 22:02:44 pm »
Like за мечето :-)