Fiat SpA освои шест премии во рамките на конкурсот за “International Engine of the Year 2011”: покер од победи за револуционерниот мотор TwinAir на Fiat Powertrain и две титули за моторот V8 co работна зафатнина од 4499 ccm поставен на Ferrari 458 Italia.
Моторот TwinAir доби дури 4 признанија, пред останатите од конкуренцијата и тоа во сите категории во кои се натпреваруваше. Жирито составено од 76 новинари и експерти од ова поле, кои доаѓаат од 36 земји не само што го потврдија успехот на моторот TwinAir во неговата категорија на зафатнина (под 1.000 cm3), туку беше избран и за “International Engine of the Year 2011”, со што го доби најголемото признание предвидено на манифестацијата. Моторот TwinAir на Fiat Powertrain ги доби и наградите “Best New Engine 2011” и “Best Green Engine 2011”.
Досега невиден триумф кој се придодава на премијата “Best New Engine 2010” која минатата година го доби моторот 1.4 MultiAir Turbo, како потврд за лидерството на Fiat Powertrain во развојот и производството на мотори со мала зафатнина со богата технолошка содржина и ниско ниво на загадување на околината.
Во моментов на располагање конфигурацијата Turbo со 85 КС на Fiat 500/500C и, за кратко, на новата Lancia Ypsilon, TwinAir наскоро ќе биде воведен и на пазарот во аспирирана верзија кај 65 КС и уште една варијанта со одлични перформанси Turbo кај 105 КС, на врвот во категоријата според специфичната моќност (120 КС/литар), како и со еколошка опременост Turbo bi-fuel кај 80 КС. Врвен израз на концептот за намалување на големината, ефикасни мотори во семејството TwinAir располагаат со префинетата технологија MultiAir за интелигентно водење на вентилите за аспирација што обезбедува извонредни перформанси и истовремено потрошувачки и емисии на CO2 исклучително намалени..
Големиот број на коментари на членовите на жирито кои се однесуваа на TwinAir: “ TwinAir е обид за екстремен downsizing кој не значи истовремено и ниски перформанси, напротив: достигнува извонреден максимален вртежен момент и како за мал мотор е можне доверлив и сигурен" - John Carey, Wheels, Australia.
“Четири победи во една година? Навистина изненадувачки резултат на моторот TwinAir кој го напиша своето име во истријата на награди “International Engine of the Year” - изјави Дејан Славниќ, Ко-Претседател на конкурсот и уредник на списанието Engine Technology International, UK.
Наградите за Twin Air ги прими Инж. Алдо Марангони, Product Engineering Vice President и инж. Дарио Сако, Engines Platform Vice President. “Денешниот успех е круна на тешката работа која ка имаме, во потрага по иновативни технолошки решенија во проектирањето на мотори кои секогаш се сè поефикасни. Нашите мотори придонесуваат да се остане лидер на групацијата Fiat S.p.A. во класификациите на конструктори кои водат грижа за околината” изјавија менаџерите на Fiat Powertrain на крајот од церемонијата на доделувањето.
Огромно задовоство кај Fiat SpA и за наградите кои ги доби моторот од 4499 ccm на Ferrari 458 Italia. Го доби признанието за најдобар перформансен моторсо зафатнина над 4 L. Наградите ги прими Жан Жак Хис, одговорен за моторите во Ferrari.
При доделувањето на наградите жирито изрази и посебна пофалба за единствениот ромбо мотор на 458 Italia.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=1659