http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1639479Ајде да се обидам да го докажам спротивното од тоа што го имам како оформено мислење за BMW како луксузна марка, која не е баш препорачлива за типичниот македонец со просечни примања.
Значи дотичниот модел од огласот, 320D 136ks освен тоа што сигурно знам дека ќе има поскапа регистрација поради моќноста, дали навистина има и кои се останатите замки во кои може да се падне како на пример: проблеми со мотор генерално или некои поедини поскапи делови, каросериски дали се издржливи итн? Значи никогаш досега не сум размислувал за BMW како марка и конкретно овој модел како можна идна кола поради врежаното мислење дека BMW се скапи, луксузни коли, дека нив ги возат само фраери, дека се скапи за одржување, дека трошат повеќе итн...
Дали сум во право или не?