Не знам од кај ги вадите овие ствари за 1.4 TDI вс 1.9 SDI. Од рекла-казала? Дедуцирате од сопствените сфаќања за принципите на работа на мвс? Од богатото искуство на совозачко седиште со еден нов 1.4 TDI и три стари 1.9 SDI?
Како и да е, пред многу години со првото другарче-колега купивме новки коли. Јас зедов 1.9 SDI (Cordoba), неколку месеци подоцна он зеде 1.4 ТDI (Roomster). Секој ден се гледавме, ги имавме возено еден на друг колите, низ град, на аутопут, секаде. Бевме заедно на одмор. Ме возел он со мојата, сум го возел ја со неговата многу пати. Исто беа стари, исто (одлично!) одржувани.
Не знам како стојат ствари на хартија, но чичо да ви каже како стојат во реалноста, ако ги споредиме двата мотори со иста старост и исто ниво на одржување. Љубезно ве молам болдираново да не се игнорира и да не се споредуваат 1.9 SDI со 300.000 и 1.4 TDI со 30.000.
1. При „нормално“ возење 1.9 SDI троши помалку од 1.4 TDI. Разликата не е голема, но постои. Разликата е поизразена во град отколку на отворен пат, каде што исчезнува. 1.9 SDI почнува да троши повеќе од 1.4 ТDI единствено кога е близу максималните вртежи, што значи многу ретко. До некаде 120-130 км/ч 1.9 SDI троши помалку. Над тоа 1.4 TDI троши помалку. Значи, просечната потрошувачка е помала кај 1.9 SDI.
2. Во сите режими на работа 1.9 SDI работи помазно, со помалку вибрации и тресење од 1.4 TDI. Ова е толку евидендно за секој што ги споредил двата мотора, а подеднакво стари, што не гледам што понатаму би елаборирал на оваа тема.
3. При нормално возење низ град и/или автопат (т.е. во првата половина на вртежите) 1.9 SDI тегне подобро и субјективно делува како појак мотор. Во втората половина на вртежите 1.4 TDI продолжува да тегне, додека 1.9 SDI губи здив. Значи, во 99% од времето SDI-то подобро и поуверливо тегне, и покрај тоа што во drag race ќе изгуби (заради помалата максимална можна снага).
4. Цената на одржување на двата мотори е иста, под услов нешто да не се сјебе. 1.4 TDI има повеќе неша што можат да се заебат (турбо) отколку 1.9 SDI.
1.4 TDI е помал и поевтин мотор и затоа го замени 1.9 SDI на пазарот. Но, доколку се нудат со слична старост и слична цена, мојот избор е 1.9 SDI заради помазната работа, просечно помалата потрошувачка, поодлучното тегнење на секојдневните ниски вртежи и помалиот потенцијал за дефекти. (внимание: „помазна работа“ не значи „мазна работа“, некој да не ме сфати погрешно :-))
pozz