Извинете што ќе ве прекинам, ама должам од вчера

Весела математика

Епа често пати се врти муабетот ново си е ново барем си сигурен дека ништо нема да се расипе. Ако треба да дадам 200 000 денари за одржување на ново возило за 20 000 километри па да го купам најефтиниот леон како твојот јас мислам дека кај локални сервиси нема да дадам 150 000 колку што ти си дал ако ги одбиеме регистрациите кои и двајцата ќе не коштат исто.
И старо најкрш бмв од бугарија да донесам нема да дадам 150 000 за сервис за 20 000 километри.
Ново си е ново и се надеваш дека ако се расипе, бар ќе се расипе во гарантен рок. На сите коли кога тогаш нешто ќе им се расипе

Не треба да дадеш 200 иљади, тоа никој не го кажа, јас кажав колку мене ме чини. Километражата се должи најмногу заради тоа што веќе година и пол одам пешки пошто нема потреба за 3км да палам кола.
И не е најефтиниот, има фул опрема и турбо мотор плус металик боја и 17’бандажи (не се фалам, чисто да си имаш представа ако некогаш се одлучиш да го купиш најефтиниот)
Еве колку мене ме кошта:
Регистрација х 4: 70,772 ден.
Зимски гуми со челични бандажи х 2: 45,720 ден.
Сервиси: 20,954 ден.
Опрема: 11,641 ден.
Озвучување + фолии: 19,000 ден.
Куфер со кровни носачи: 24,845 ден.
Вкупно: 192,932 ден.
+ 2 детски седишта: 19,400 ден.
Највкупно: 212,332 ден
Еве колку би те коштало тебе:
Регистрација х4 - каско - зелен картон (ваљда нема да идеш во странство): 45,100 ден.
Зимски гуми со челични бандажи (со надеж дека едниот сет нема да ти го украдат) : 21,520 ден.
Сервиси (ако ја носиш во овластен додека е под гаранција): 20,954 ден.
Опрема (сигурносни штрафови не ти требаат,
на бришачите ќе им смениш метлици наместо нови да земеш
и ќе земеш поефтин акумулатор): 6,811 ден.
Озвучување и фолии не ти требаат: 0,000 ден.
Куфер и кровни носачи не ти требаат: 0,000 ден.
Вкупно: 94,385 ден.
+ деца немислиш да правиш, - 2 детски седишта: 0,000 ден.
Највкупно: 94,385 ден.
Или годишно околу 500 евра, за нова кола, извадена од салон кај нас.
Со оглед дека ќе го купиш најефтиниот, сервисот ќе ти биде поефтин и регистрацијата истотака, така да ќе намалиш испод 500еур годишно.
Тенкју, продолжете да дрифтате
