Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 731824 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 21978
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3420 на: 09 Октомври 2026, 13:57:24 pm »
Жирито ако иди со ташна под мишка и ќе освои.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Тек па внатре....



Исто како бананата залепена со селотејп...



И она "за вкусови не се дисктутирало" апсолутно не важи, затоа што тука имаш вкус и невкус.

Добро, кај бананата има и некое милионче испрани пари али тоа е друга тема.







Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2790
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3421 на: 09 Октомври 2026, 13:58:25 pm »
Жирито ако иди со ташна под мишка и ќе освои.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Тек па внатре....



Чекална во болница има повеќе емоција од ова

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 21978
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3422 на: 09 Октомври 2026, 14:52:32 pm »
Новиве коли ти се као  "Абе ружна е, дебела е,  али татко и има пари".

https://www.instagram.com/reel/DePG_R-jfWo/?mdxt=MTNzZzI1dTR0ZHI4cQ==

Едит: новото Клио изгледа добро од некои одбрани агли иако е на граница на baby SUV.
« Последно менување: 09 Октомври 2026, 15:33:24 pm Stratro »

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3423 на: 15 Октомври 2026, 17:17:31 pm »

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7510
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3424 на: 29 Октомври 2026, 11:51:49 am »
Само 5 погодив, најлесните:
https://www.instagram.com/reel/DerobfNFSC7/



Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3425 на: 29 Октомври 2026, 13:39:26 pm »
И јас слично, 6 погодив…

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30676
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3426 на: 01 Ноември 2026, 09:49:06 am »
Само едно промашив, Veyron, ме повлече одма накај GTR.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2790
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3427 на: денес во 16:49:08 »
https://www.instagram.com/p/DgNULV4ob29/

Толку добра прилика да се направат убави реформи во пресметката на увозни давачки, и пак со популистички предлози. Досега не се плаќаше ДМВ до 10000 евра, сега да не се плаќа до 20000 евра. И пак ќе продолжат да се увезуваат стари коли за уште поефтино додека поголемиот дел од новите коли секако имаат нето цена над 20к евра и пак ќе останат на иста крајна цена (минус некоја ситна ставка за CO2 што е најмал проблем).

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3428 на: денес во 16:59:41 »
За еуро 4 уште ништо, ќе си платам 3500 мме…

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30676
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3429 на: денес во 17:31:13 »
https://www.instagram.com/p/DgNULV4ob29/

Толку добра прилика да се направат убави реформи во пресметката на увозни давачки, и пак со популистички предлози. Досега не се плаќаше ДМВ до 10000 евра, сега да не се плаќа до 20000 евра. И пак ќе продолжат да се увезуваат стари коли за уште поефтино додека поголемиот дел од новите коли секако имаат нето цена над 20к евра и пак ќе останат на иста крајна цена (минус некоја ситна ставка за CO2 што е најмал проблем).

https://mk.tv21.tv/vo-sobranieto-podnesen-predlog-za-ukinuvane-na-del-od-davachkite-za-uvoz-na-vozila/

Ова е океј, до некаде. За жал, повторно е повеќе ориентирано кон увоз на половни возила отколку да се купуваат нови (нови-нови) возила. Ама вака формулирано ќе се олесни (и поевтини) увозот на колку-толку понови и почисти возила. Само да се задржи на Еуро 6 олеснувањето, за да се избегне увоз на престари, истрошени кршеви. Тие сè уште ќе може да се увезат, секако, само за нив би биле поскапи давачките. Ама со ова, рецимо наоѓаш добро возило за 17-18.000 Евра (и за тие пари се наоѓа стварно добро еуро 6 возило) и на тоа би имал само 18% ДДВ. Многу подобро од ~45% давачки.

Секако, ова би имало и значително намалување на цените кај нови евтинки возила. А токму тоа е тоа што стварно се бара, само како и за многу други работи, се гледаат популистички мерки наместо да се направи конкретен, издржан план.

За еуро 4 уште ништо, ќе си платам 3500 мме…

Еуро 4 е стандард стар 21 година. Не очекувај да биде полесно и поевтино да се увезе Еуро 4. Може само да е покомплицирано и поскапо во иднина.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2790
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3430 на: денес во 17:36:06 »
@zeroSignal јас како што сфатив, за Еуро6 и нагоре е само ослободувањето од CO2. Кревањето на границата за неплаќање ДМВ од 10к на 20к ќе важи за сите возила, што е катастрофа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30676
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3431 на: денес во 17:37:58 »
„Со предложените измени се предвидува укинување на вредносната компонента, позната како данок на луксуз, за автомобили со вредност до 20.000 евра. Втората мерка се однесува на укинување на CO₂ давачката за возилата што исполнуваат ЕУРО 6 или повисок еколошки стандард.

Според образложението на предлогот, доколку измените бидат усвоени, за автомобил со вредност од 15.000 евра и ЕУРО 6 стандард, увозните давачки би се намалиле од сегашните 6.000 до 7.000 евра на околу 2.700 евра.“

Изгледа си во право, изгледа ќе бидат посебни мерки, наместо една конкретна.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 180
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3432 на: денес во 17:49:40 »
Сеа им текна кога веќе увезов...

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3433 на: денес во 18:06:45 »
Увезив товарно комбе од 10,000 евра произведено 2021 година, еуро6д, давачки 6000€… па ова не е нормално.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9641
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3434 на: денес во 20:46:54 »
Od toa zivee drzavata neznam so ne vi e jasno