Одлично, браво што на нашиот пазар конечно имаме повеќе возила од различни производители и поголема понуда. Но, најважното прашање останува: која е цената на овие возила и дали брендот BYD во Македонија е усогласен со стандардот на граѓаните и реалната економска сила на населението?
Не е доволно само да кажеме дека пристигнуваат нови, модерни и електрични автомобили. Треба да се види дали просечниот граѓанин во Македонија, со плата од околу 400 евра кај голем дел од населението, реално има можност да купи и да одржува нов автомобил.
Тука доаѓа и улогата на државата. Каква е стратегијата за обновување на возниот парк? Дали има конкретни субвенции, даночни олеснувања или други мерки за граѓаните кои сакаат да купат ново, поекономично и почисто возило? Што се презема за постепено отстранување на најстарите автомобили од сообраќајот и намалување на загадувањето?
Ова не треба да биде само прашање на автомобилските компании и дилерите. Ние живееме тука и треба да знаеме што ни се нуди, по која цена и дали тоа реално е достапно за граѓанинот.