Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 611710 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7643
  • French diamond
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3345 на: 17 Април 2026, 17:19:16 pm »
Не бегај гледаш нема ни за гуми тука по белиот свет  ;D Колата се вози затоа се лижат, не висам над нив 24/7 да видам до кај се, ко ќе ги видам тогаш, баш сега фатив еден семафор со 70тина, нејќат да мрднат уште.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7780
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3346 на: 17 Април 2026, 17:20:38 pm »
Aко нашиов народ се докопа до ЕУ пасош, ке биде бетер од руините што ги има накај Ќустендил. Ghost towns.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7122
  • Бенве сие бенве
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3347 на: 17 Април 2026, 18:05:20 pm »
Треба голема храброст на автопат да менуваш гума.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15116
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3348 на: 17 Април 2026, 21:16:58 pm »
Треба голема храброст на автопат да менуваш гума.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас сакам да имам резервна пошо ќе ја сменам за 10 мин и продолжувам,а вака пошо немам место каде да ја сместам ако дојди ред да ми треба гума ќе си чекам сервис.
А како шо кажа членот похоре,додека не дојде полиција и да затвори лента јас не би менувал гума на автопат на помошната лента.Ко воли,нек изволи.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3349 на: 18 Април 2026, 10:58:15 am »
Комшика остана сама со 2 деца пошто мажот и загина менувајќи гума на автопат. Нека си има гума не е на одмет но дека на сред автопат ќе земам сам да менувам мало сутра.
Инаку флекс во тјусонот има фулл резервна гума не е од тие малите.  8)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3350 на: 18 Април 2026, 19:57:13 pm »
Комшика остана сама со 2 деца пошто мажот и загина менувајќи гума на автопат. Нека си има гума не е на одмет но дека на сред автопат ќе земам сам да менувам мало сутра.
Инаку флекс во тјусонот има фулл резервна гума не е од тие малите.  8)
Океј, не менувај пошто еден во 500 милијарди загинал ради менување гума.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7122
  • Бенве сие бенве
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3351 на: 18 Април 2026, 21:47:46 pm »
Не е еден загинат, пиша мечето погоре, ако дојде полиција да обезбедува, ги прилагодат знаците на 80 на тој дел, ајде да земеш да смениш, а на своја рака каде што секој втор чепка у тел и е потенцијален убиец е лудост.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15116
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3352 на: 18 Април 2026, 23:26:48 pm »
Нема Миле видено распарчен човек и делови од тело расфрлани по автопат.
Нема видено какви специјалки од Украинци,Тајланѓани,Махараџи и што уште не возат камиони низ Еу.Мене страв ми е шо ги гледам во контра смер на автопат кога возиме.
Тоа што се чепка по телефони не ни го споменувам.
Секој кој си го сака малку животот не би сменил гума на автопат,доколку не е тргнат на проширување како СОС паркинг.

п.с Во Холандија ,чим застаниш на помошна лента на автопат,за максимум 10 мин. зад тебе доаѓа или полиција(поретко) или службата која има е задолжена за автопатите,те прашува што е проблемот и ако останиш(нешто си дефект или гума дупната) останува зад тебе и затвара една лента додека не заминиш.
Се разбира дека нема да те остави да дремиш таму два дена,туку се гледа според алучајот како најбрзо ќе се реши проблемот.
До сега 4 пати сум имал контакт со нив и сите 4 биле со одлична комуникација и позитивен исход.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3353 на: 20 Април 2026, 08:54:25 am »
Има причина зошто при секое застанување на автопат во помошна лента, ако излезеш од кола треба да преминеш преку банкина.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3354 на: 20 Април 2026, 11:17:01 am »
Веќе скоро 2 години сум по автопат (А7 најчесто) и најчесто гледам колеги со комбиња како менуваат гума (додека дојде полиција гумата е сменета), па не ја разбрав поентата со безбедноста. Дали има луѓе кои намерно предизвикуваат удес или може некој мигрант да те ограби додека си надвор од колата?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4586
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3355 на: 20 Април 2026, 11:29:35 am »
Нестор, земи прочитај одговорот од гемини, доволен е да разбереш од каде доаѓа опасноста ако мењаш гума на автопат, поготово во Германија каде многу е фреквентно и се вози со голема брзина. Нема врска дека некој ќе те ограби.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3356 на: 20 Април 2026, 11:52:07 am »
Аман луѓе, темата му ја отрувте на човекот...

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2120
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3357 на: 20 Април 2026, 12:29:29 pm »
Еве еден поткаст со наш драг член убав муабет

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3358 на: 20 Април 2026, 13:38:10 pm »
Сеа ќе зачистиме. :)