Иста ваква корола само хибрид од време на време ја возам поради работни обврски, мислам дека е 2023 произведена има 40к поминато. Се најдобро за моторозицација и потрошувачка, и мерак од возење вакво возило во град особено со адаптивниот темпомат. Но сето останато неможе да се спореди со мојот веќе 10 годишен голф. За квалитет на ентериет да не зборуваме, королата има таква ефтина пластикарија но да бидеме објективни никој не е исклучок. Горе-долу квалитетот е пропаднат на глобално ниво.
Но изолацијата особено на отворено кога возиш не е лоша туку ужас. Возам 90 на отворено регионален пат пред мене шлепер вози. Звукот од гумите на шлеперот пенетрираат во ентериерот на едно страшно ниво, мислиш дека возиш со отворени прозори. Ова многу замара. Да не зборувам ако си на автопат веќе од 120кмч многу е гласно. Неможе нормален муабет да направиш со соговорникот. Имам чувство дека најголем дел од звукот доаѓа од гумите. И да ги ставиш најтивките гуми королата едноставно изгледа дека нема никаква изолација кај полумесеците и на иритантен начин звукот се пренесува внатре. Најдобар момент е затварање врата, ТРАС абе гол лим.
После 600км извозени, се враќам од работа си седнувам во 10 годишен голф7 и сфаќам од старт што значи квалитет, комоција, мир и тишина. Штета што королата со таква фантастична технологија и хибрид е унаказена со никаква изолација. Али затоа си постои камри или рав4.
Каков наратив!
Бидејки не може ништо повеќе да биде ова бладање!
Прво, со галама од тркала се соочив со i30 со квази премиум брендот наречен Ханкук кој два-тројца на форумов го убија од фалење.
Со средно рангирани Фулда ја снема галамата.
Истите ликови сеуште верглаат слични прикаски за немање изолација.
Второ, кога кажав дека сум ја продал i30 и сум зел Корола бензин, истиов кретен ми кажа зошто не сум зел хибрид да уживам во непроценливата тишина.
Со овој пост во кој исчезна тишината, очигледно суши лаже бетер од Каја Калас.
Јас не знам што е со луѓево, дали од Фајзерот им се мати во главата.
Ги тестирав повеќекратно и двете Короли, можеби им здосади во салонот, ништо побуни не се од Пежо, Хјундаи, Шкода и сл.
Уште еднаш!
Корола 1.5, трите цилиндри знаат забрчат при нагло забрзување, исто како и секој троцилиндраш, дури и би рекол дека се потивки од Фолксвагеновите кои не се трпат.
Корола хибрид, исто така знае да заврши при нагло забрзување, но тука па причината е е-цвт.
Единствена забелешка во однос на конкуренција е тврда пластика на врати и нешто потврди седишта.
Резиме, и двете Короли не се наменети за перформанси, наменети се за удобно, економично и безгрижно возење.