Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 612397 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4059
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3240 на: 26 Ноември 2025, 18:28:34 pm »
Усје си чади, линданот кај охис коа ке дувне ветер дури на очи пече, вардариште си гори, инџикови ѓупците секоја вечер палат кабли ама битно колите загадувале... Во нормална држава имаш за рециклирање на губре, кај нас у 21 век дрисла го закопува ѓубрето

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3241 на: 26 Ноември 2025, 18:58:04 pm »
Да појасниме: никој не вели дека автомобилите загадуваат — тие сами по себе не загадуваат. Проблем се старите возила. Ружна е слика кога ќе видиш старо Толедо, Ибица, Голфови, Лади и други кршови постари од 20 години. Тука наидува проблемот, не дека загадуваат. Треба навистина да не разбираш за да мислиш дека автомобил може толку да загадува од ауспух колку филџан. Проблем е тоа старо Вeнто од 25 години што кочи со нозе — никаков изглед и прилика за сообраќај, извозило свое. Убаво е да има нови возила по улиците, а не кршеви. Нема допирна точка со загадување тука — поентата е да има понови возила на улиците и менталниот склоп да се менува
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6286
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3242 на: 26 Ноември 2025, 19:01:10 pm »
Смрдат и колите како не, само најтрагично е шо за еден маслар југо шо смрди или тико со милион км има 25 луксузни мерцедеси, бенвиња итн со еуро 4-5 од фабрика шо чурат х30.
А југовци, тиковци или акцент љунда се бројат веќе на прсти низ сообраќајот, заклучокот сам се изведува кој загадува повеќе низ сообраќај.
А дека смета смета, ракот од индустријата не смрди толку, веќе влезен е во мене неосетно, ама ова низ сообраќај ќине, особено од кога развив летоска инфекција на синуси неможам да опишам кој бол и нелагодност ми сњ дешава во десната ноздра кога ќе го исчури ауспухот некој предмене. Порано немав гајле дури и убаво ми мирисаше чадечи дизел, ама сега паника мњ фаќа ако сум заборавил да го стиснам дугмето за рециркулација пред да тргнам со колата. Морам да се плакнам дома со спрееви после такви гестови на некој пред мене оти ќе ме клука до зад око цела вечер на секое зњмање воздух.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2812
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3243 на: 27 Ноември 2025, 09:09:17 am »
Усје си чади, линданот кај охис коа ке дувне ветер дури на очи пече, вардариште си гори, инџикови ѓупците секоја вечер палат кабли ама битно колите загадувале... Во нормална држава имаш за рециклирање на губре, кај нас у 21 век дрисла го закопува ѓубрето

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

На отстранување на линданот се работи веќе година дена, не ги знам деталите, знам дека се одобрени средства и дека се формирани работни групи, се надевам што побрзо ќе се реализира.

Дрисла мислам дека е најдобро да се даде под концесија за 1 денар годишно ама на сериозна компанија што ќе инвестира сериозни пари и опрема.

Цементара и Железара треба да се дислоцираат, државата да ми даде субвенции, бесплатно нова локација и комуналии и да ги ослободи од данок некоја година, за да се согласат.

Не знам дали некој се осмелил да направи студија за Скопје, на што да се даде приоритет, на гасоводна или топлификациона мрежа. Кога до последната куќа во Скопје ќе има приклучок за топлификација, ќе треба да се забрани користење на дрвото за топлење на домовите на територија на Скопје.

А за колите, само технички преглед како што треба да се направи, без замижувања, некој би кажал ригорозен ама уствари да се почитува до последна буква во прописите.
Своерачен потпис ;)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20376
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3244 на: 27 Ноември 2025, 13:13:56 pm »
Парно до секоја куќа е не реален проект. Топлификација не дава задоволителна топлина во секое време.

Гасовод има воопшто некаде во државава за домаќинства? Би ставиле вие кај вас дома со оглед на сите проблеми што може да се случат и опасноста?

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3245 на: 27 Ноември 2025, 13:25:43 pm »
Мислам дека Струмица има делумна гасификација.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 972
  • The best or nothing.
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3246 на: 27 Ноември 2025, 13:53:59 pm »
Гасификација со течен метан. (Lng)

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3247 на: 27 Ноември 2025, 14:01:44 pm »
Имам видено приклучоци, а точно како-што е, не би знаел.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3248 на: 28 Ноември 2025, 16:47:31 pm »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3249 на: 12 Март 2026, 14:07:36 pm »

Брутален автомобил за парите. А и општо.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3251 на: 01 Април 2026, 19:10:38 pm »

Потврдувам од збор до збор.
Испуштено да се каже дека има многу удобна, односно мека вожња, можеби најмека во класата. Го нема она Голф трескање преку најбанални пукнатини или нерамнини на асфалтот што сите го ископираа.

Просечна потрошувачка низ град досега со мојата се движи од 7,3 до 7,8 л/100
Потрошувачка на отворено на моите релации до Грција или до Србија со возење претежно по знаци (бидејки ѓаволот ја однесе шегата со казните) со повремено опуштање +10/20 изнесува 5.5 л/100.
На карклуб тестот 5.3 л/100 ако добро се сеќавам.

За крај како што кажа Курс,  количините се ограничени!
« Последно менување: 01 Април 2026, 19:28:27 pm Mikius »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6692
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3252 на: 02 Април 2026, 06:30:56 am »
Иста ваква корола само хибрид од време на време ја возам поради работни обврски, мислам дека е 2023 произведена има 40к поминато. Се најдобро за моторозицација и потрошувачка, и мерак од возење вакво возило во град особено со адаптивниот темпомат. Но сето останато неможе да се спореди со мојот веќе 10 годишен голф. За квалитет на ентериет да не зборуваме, королата има таква ефтина пластикарија но да бидеме објективни никој не е исклучок. Горе-долу квалитетот е пропаднат на глобално ниво.

Но изолацијата особено на отворено кога возиш не е лоша туку ужас. Возам 90 на отворено регионален пат пред мене шлепер вози. Звукот од гумите на шлеперот пенетрираат во ентериерот на едно страшно ниво, мислиш дека возиш со отворени прозори. Ова многу замара. Да не зборувам ако си на автопат веќе од 120кмч многу е гласно. Неможе нормален муабет да направиш со соговорникот. Имам чувство дека најголем дел од звукот доаѓа од гумите. И да ги ставиш најтивките гуми королата едноставно изгледа дека нема никаква изолација кај полумесеците и на иритантен начин звукот се пренесува внатре. Најдобар момент е затварање врата, ТРАС абе гол лим.

После 600км извозени, се враќам од работа си седнувам во 10 годишен голф7 и сфаќам од старт што значи квалитет, комоција, мир и тишина. Штета што королата со таква фантастична технологија и хибрид е унаказена со никаква изолација. Али затоа си постои камри или рав4.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55237
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3253 на: 02 Април 2026, 07:43:55 am »

Конечно некој да го каже тоа што го зборувам 10 години за колава.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2812
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3254 на: 02 Април 2026, 08:37:23 am »
@vlatko.klp поради некои од овие причини другар мој ја врати колата во Тојота, се работеше за Јарис Крос со истиот мотор. Ја купи околу 24к а ја врати за 19к евра после некои 2 години. Не само поради евтините пластики и лошата изолација, туку не беше нешто задоволен и од моторот (јас тогаш дознав дека е уствари со 3 клипа, мада мене тоа не би ми сметало).

Верувале или не, после си зеде Антара фејслифт 2012 за 10-11 к евра.

Али сепак мислам дека како цел пакет Тојота Корола седан е добра куповина, сооднос цена, квалитет, наспроти извозени коли со 200к км по цена од 20к евра.
Своерачен потпис ;)