Вилушка оригинална е околу 350-450е, дури и афтермаркет поасалните (lemforder) се преку 300е. Горните вилушки се од 150е нагоре. Предни дискови се околу 200е по ќоше, ксенон фарови се околу 1000e по страна, држачи за мотор сите оригинални да ги земеш се преку 1500е, само браник со сите решетки и беџеви и сензори да го наредиш е преку 2500е, да не зборувам ако отишла некоја полуосовина, хладњаци, и слични работи. Додади работна рака, ќе стигне цената до сумата што е пишана. Алфа не држи цена, баш поради овие причини. Кога ќе дојде време да се поправа, сите пробуваат да избегаат, како од ѓавол.