Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 534321 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2805 на: 02 Март 2023, 13:52:31 pm »
И у војска имаше една група која не јадеше дрнч, ама кога дојде време за у ров јадеа кал намачкан на двопек (оној двопек од сдо) ;D

Имав еден колега кој продаде неколку години старо златно стоеденче (купено на ново), за да купи БМВ е12 15-16 години старо. Му дојде скапо за одржување, го продаде и купи исто 15ина години стар Цитроен BX. И тој почна да му ја цица платата (у меѓувреме се ожени). Го продаде и си купи Фаворит 10ина години стар. И со него не виде некој раат, плус му стана мал за семејството. Го продаде и си купи на ова Дачија Логан за нешто над 10 бона (со клима).
Малку му беше малку шубе пошто некои колеги го дупеа, меѓутоа конечно виде раат. Комотно внатре, гепек, пали-вози :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2806 на: 02 Март 2023, 14:14:10 pm »
Сте се зргнале по темиве DACIA лоша, добра луди...вакви такви......Едно треба да ви е јасно DACIA не стана SKODA, беше на добар, ама ради некој виши сили, и самите односи(бар мене така ми стои) во самата групација. Сетете се кај беше SKODA во средина на 90, каде e  сега. Сега буквално те става во размислуање што ќе купиш?? Дали VW, SEAT, Skoda.
Во однос на моменталната понуда на DACIA, понудата е очајна. Според мене 1.0, турбо мотoр не е за duster, дури ни за logan. Едино што може да помине од понудата кај нас е Sandero. Не EU пазар образот им го обелува, колку толку spring-от.

Според тебе, понудата не ја бива. Во меѓувреме, Дачиа си гази во Европа, Sandero е најпродаван автомобил во Јануари годинава. https://www.carclub.mk/2023/03/01/dacia-sandero-%d0%b5-najprodavaniot-avtomobil-vo-januari-2023-vo-evropa/

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2807 на: 02 Март 2023, 14:25:15 pm »

Сандерото е многу добро. Нив (исто како и нас) името ги кочи. Понудата на мотори е таа што е, ама за буџет возило не е лоша. Секако најважно е што во Дастер се нудеше и 1.5dci, а ако не се лажам и сеуште се нуди. Тоа во Сандеро/џогер ќе е врв со аутоматик.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2808 на: 02 Март 2023, 14:56:33 pm »
Кога можи Пежо во 2т лимузина 1.2 мотор да нуди,значи 1.0 за дачиа е како 3.0v6. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2809 на: 02 Март 2023, 16:58:08 pm »
Го продаде и си купи на ова Дачија Логан за нешто над 10 бона (со клима).
Малку му беше малку шубе пошто некои колеги го дупеа, меѓутоа конечно виде раат. Комотно внатре, гепек, пали-вози :)

Logan имаше од старт исти мотори ко megan, 1.4 и 1.5 дци, беа исти шо се возеа во Megan. Мене пред некој 5-6 години идејата да купам DUSTER, ми ја расипа човек кој работеше во EVN, абе знаеш брат ми, внатре службените стана дроп за 40000км. И јас го послушав, без да размислам дека уствари ги возат и одржуваат како што го прават тоа.
 
Сандерото е многу добро. Нив (исто како и нас) името ги кочи. Понудата на мотори е таа што е, ама за буџет возило не е лоша. Секако најважно е што во Дастер се нудеше и 1.5dci, а ако не се лажам и сеуште се нуди. Тоа во Сандеро/џогер ќе е врв со аутоматик.

OK, сум се фатил за бензинец ко слеп за стап. Па ти бе. Иначе да, ја имаат и дизел.
Кога можи Пежо во 2т лимузина 1.2 мотор да нуди,значи 1.0 за дачиа е како 3.0v6. ;D

хм...ги возев 1.2 истите мотори на тест на c3 aircross и на 208, некако поживи ми се видоа од 0.9 бар тогаш пред некој 2-3 години , на каптур.

Инаку 1.0 немам ренов пробано.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2810 на: 02 Март 2023, 19:00:48 pm »
Та си го пробал та не,шо можи да понуди 1.0...
Тие не ги ни рачунам за мотори.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2811 на: 02 Март 2023, 19:02:50 pm »
Та си го пробал та не,шо можи да понуди 1.0...
Тие не ги ни рачунам за мотори.

Вие од Битола од литар само млеко купвате и 2.0 ви е моторчето од бришачите, да не прајте муабет за моторо...

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2812 на: 03 Март 2023, 09:28:35 am »
Та си го пробал та не,шо можи да понуди 1.0...
Тие не ги ни рачунам за мотори.

Хаха....Веќе скутери имааш шо стигнува до 900 цц, 1000цц. ЈБГ, ЕУ норми.  Наводно помалку загадувале.
Не сум возел возила со преку 2000 цц, ама сум возел атмосверци со по 1.6 и 2.0 мотори.  Има разлика.  Реално по мое за C сегмент(голф, астра, меган....) SUV од B сегмент возила мислам дека би биле идеални турбаши со 1.4/1.5 мотор. Се под тоа е мачење.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14714
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2813 на: 03 Март 2023, 09:44:40 am »
Дачија (претпоставувам) има добра продажба во Европа оти ја продаваат како флотно возило. Пример рент-а-кар, фирми, и сл.

Не ми се верува европјанин да зема за домашно возило Дачија. Имаат доволно плата да си купат во најмала рака Хјундаи/Киа.

Со ова не сакам да ме сфатите дека кудам по Дачија. Мене Дачија ми е сосема ОК возило. Немаш очекувања, немаш изненадувања, искрено количе со соодветна цена. Ќе ве носи од точка А до точка Б.

Дастерот ми е според мене полн погодок од се што нуди Дачија. Ми се допаѓа на дизајн, дизајн на интериер е ОК (можеа малку да го подобрат квалитетот на материјалите), ете некаква си офф-роуд можност, во најмала рака високи ивичњаци и поголеми дупки на автопат да можеш да искрепиш, и некој пикник да истераш на земјен пат.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3930
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2814 на: 03 Март 2023, 10:10:51 am »

Кај што иде дастерот ни лада нива не искача...Шала на страна имам пријател во а1 работи,вика кај се се немам качено со дачијата и мака нема.Е сеа што внатре е цела пластична тоа е друг муабет

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2815 на: 03 Март 2023, 10:31:48 am »
Дачија (претпоставувам) има добра продажба во Европа оти ја продаваат како флотно возило. Пример рент-а-кар, фирми, и сл.

Не ми се верува европјанин да зема за домашно возило Дачија. Имаат доволно плата да си купат во најмала рака Хјундаи/Киа.

Со ова не сакам да ме сфатите дека кудам по Дачија. Мене Дачија ми е сосема ОК возило. Немаш очекувања, немаш изненадувања, искрено количе со соодветна цена. Ќе ве носи од точка А до точка Б.

Дастерот ми е според мене полн погодок од се што нуди Дачија. Ми се допаѓа на дизајн, дизајн на интериер е ОК (можеа малку да го подобрат квалитетот на материјалите), ете некаква си офф-роуд можност, во најмала рака високи ивичњаци и поголеми дупки на автопат да можеш да искрепиш, и некој пикник да истераш на земјен пат.
Кај што иде дастерот ни лада нива не искача...Шала на страна имам пријател во а1 работи,вика кај се се немам качено со дачијата и мака нема.Е сеа што внатре е цела пластична тоа е друг муабет

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Која кола под 30к, не е?? По ново 30к.. Е сега финалната изработка и каква пластика се користи е друг момент.

Пример сум имал можност да влезам во kia optima и skoda superb od 2015 godina, идентична цена купени возилата. Ама superb-от ми изгледаше и со поквалитетна пластика изработен.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5935
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2816 на: 03 Март 2023, 11:49:48 am »
Ама не Дачиата е пластична мамоо,  ја неќам. Сакам Т Рок за 35000/49000 евра со уште полоши пластики внатре оти е ФВ напред на знакот и портокалев е.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2817 на: 03 Март 2023, 12:04:24 pm »
Ама не Дачиата е пластична мамоо,  ја неќам. Сакам Т Рок за 35000/49000 евра со уште полоши пластики внатре оти е ФВ напред на знакот и портокалев е.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Факт. И така ќе биде се додека се вика Дачија. Или можда за 10-15 години да се подзаборават ужасиите кои ги имаа до завчера.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5935
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2818 на: 03 Март 2023, 15:14:32 pm »
Факт во глата ама овде на балкано, барем таксистите  ги превртија по милион километри. Шкода шо  во тие години,  исто повраќајнци продаваше, Фелиција и Фаворит. Запали прегеј скапи редоследо на возење шо му беше.

« Последно менување: 03 Март 2023, 15:19:59 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3960
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2819 на: 03 Март 2023, 15:44:27 pm »
Да ама на Шкода по совреме и текна да става повеќе екранчиња во колите, да нуди повеќе мотори и менувачи, да даде повеќе опција за персонализација на возилата во поглед на разна опрема и сл... Тука мислам дека највеќе избега и тоа е тоа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA