Дачија (претпоставувам) има добра продажба во Европа оти ја продаваат како флотно возило. Пример рент-а-кар, фирми, и сл.
Не ми се верува европјанин да зема за домашно возило Дачија. Имаат доволно плата да си купат во најмала рака Хјундаи/Киа.
Со ова не сакам да ме сфатите дека кудам по Дачија. Мене Дачија ми е сосема ОК возило. Немаш очекувања, немаш изненадувања, искрено количе со соодветна цена. Ќе ве носи од точка А до точка Б.
Дастерот ми е според мене полн погодок од се што нуди Дачија. Ми се допаѓа на дизајн, дизајн на интериер е ОК (можеа малку да го подобрат квалитетот на материјалите), ете некаква си офф-роуд можност, во најмала рака високи ивичњаци и поголеми дупки на автопат да можеш да искрепиш, и некој пикник да истераш на земјен пат.