Поздрав.
Во врска со Тојота Аурис 08' 2.0 Д4Д.
1.Имам зуење(метално) при возење од 60-80 кмч а под 60 или над 80кмч истиот го нема, без разлика дали сум град/автопат или возам на летни/зимски гуми.
2. Возилото на удолница околу 45% рачната кочница не кја држи колата - се лизга надоле. Дали тоа значи дека сајлите се истрошени или може да биде нешто друго?? 
@crossMKD Па можеш да почнеш од системот за кочење. Дали колата е со диск кочници позади или добоши?
Металното зуење асоцира на проблем со некоја од шепите(ако можеш по слух да одредиш дали доаѓа одзади или напред), односно клипчето на шепата да е заглавено во одредена положба, и да не се враќа скроз назад, со самото движење на тркалото, кочницата фаќа и го прави тој звук.
Друго може да е лабава плочка/металниот осигурач на плочките па да испушта вибрации при возење.
Чим го напомена проблемот со рачната, може да е неповрзано и да треба само да се затегне рачната, но може и тоа да е дел од проблемот.Дали таа тојота има посебни гуртни за рачна(како кај постарите BMW) или не? Ако има проблем со шепата, како што напоменав првично, нема да "враќа" и со самото тоа се намалува функционалноста на самата рачна.
И на крај, како што кажа и самиот, треба и сајлите за рачната да се проверат, доколку изолацијата на самите сајли е оштетена на некое место, од вода ќе кородира и со тоа се ограничува движењето и самата функционалност на рачната.
Доколку зуењето/вибрациите не се поврзани со системот за кочење, тогаш идеш по пат на елиминација..зависи мајсторот колку ќе е спретен и дали ќе има к'смет за да лоцира од кај доаѓа тој звук

(предница,ауспух, некое лабаво лимче/изолација итн...)
Може и да е лагер на самото тркало, некако највеќе ме асоцира на ова..ама сепак треба да ги провериш сите работи што ги спомнав. Може некој ќе додаде и нешто плус.