@DarthJe5us Член 11
Утврдување на податоци за пресметка на данок на моторни возила(1) На барање на надлежниот царински орган, обврзникот за плаќање на данокот на моторни возила е должен да достави фактури, испратници, купопродажни договори, потврда за сообразност за ЕУ одобрување на возилото (certificate of conformity - COC), комерцијални, трговски, службени или други документи и докази со кои располага, а кои се потребни за правилно и точно утврдување на податоците за пресметка на данокот на моторни возила.
(2) На барање на надлежниот царински орган, производителот, претставништвото или трговецот кој е генерален застапник или увозникот на одредена марка моторни возила во Република Северна Македонија, е должен да даде стручна помош при утврдување на податоците важни за пресметка на данокот на моторни возила, а за таа цел треба да одредат контакт лице за комуникација со Царинската управа.
(3) За цели на утврдување на данокот на моторни возила надлежниот царински орган во текот на постапката има право да побара информации потребни за правилно и точно утврдување на податоците за пресметка на данокот на моторни возила од институции во Република Северна Македонија и други земји кои се надлежни за обезбедување на потребните информации со цел правилно пресметување на данокот на моторни возила.
(4) Доколку по утврдување на данокот на моторни возила надлежниот царински орган утврди дека податоците врз основа на кои бил утврден данокот за моторното возило не биле вистинити, во тој случај со решение ќе ја утврди разликата на данокот што треба да се плати.
Член 12
Потребна документација за утврдување на просечна емисија на јаглерод диоксид CO2 и ниво на емисија на издувни гасови(1) Износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 и нивото на емисија на издувни гасови се утврдува врз основа на потврда за сообразност за ЕУ одобрување на возило (Certificate of conformity- COC), согласност за регистрација на возилото, потврда од производителот или негов овластен застапник или надлежен орган за идентификација и оцена на техничка состојба на возилото, износ на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 во комбинирано возење изразена во согласност со новиот европски циклус на возење (New European Driving Cycle-NEDC) или согласно корелираниот NEDC, ако моторното возило е хомологирано во согласност со глобално усогласената испитна постапка за лесни возила (Worldwide Harmonised Light Vehicle Test Procedure), а за моторните возила кои се увезуваат од Соединетите Американски Држави, освен потврдата за сообразност (СОС) се бара Доказ за исполнетост на стандардот за емисија на издувни гасови ТИЕР 2 од 1999 година, кој го издава Агенцијата за заштита на животната средина (ЕРА).
(2) Кога износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 за моторното возило не може да се утврди согласно став (1) на овој член, во тој случај за цели на пресметка на данокот на моторни возила се смета дека износот на емисија на јаглерод диоксид - CO2 ќе изнесува 400 гр./км.
(3) Кога нивото на емисија на издувни гасови на возилото не може да се утврди согласно став (1) на овој член, во тој случај за цели на пресметка на данокот на моторни возила се смета дека нивото на емисија на издувни гасови на возилото е во рамки на граничните вредности предвидени за Еуро 1 нормата.
(4) Доколку во постапките што се водат поради незаконска употреба на моторно возило, странката не располага со валидна потврда за износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 или податок за нивото на емисија на издувните гасови на возилото,надлежниот царински орган од овластено лице согласно одредбите од член 11 став (2) и (3) од овој закон ќе ги побара податоците за пресметка на данокот на моторни возила. Ако овластеното лице не може да ги утврди и достави бараните податоци, во тој случај за цели на утврдување и пресметка на данокот на моторни возила ќе се постапува согласно ставови (2) или (3) на овој член.