Што мислите за новиот (уште предлог) Закон за возила со воведување на категории (загадувачи, еко налепници), каде што е предвидено да има 3 категории: црвена (без никакви норми, Еуро 1 и 2), жолта (Еуро 3 и 4, како и Еуро 2 бензин/плин) и зелена (Еуро 5 и 6, хибридни возила, како и Еуро 4 бензин/плин). Што заради овој закон, што заради идни планови околу купување стан (пишав во посебна тема), наУМ сум да го сменам Грандето Еуро 4 за да земам бензинец Еуро 4 и да го бапнам на плин = Еуро 5 и кусур да ми остане (малтретирав тука членови да ми пренесат искуство со Сеат Ибица 1,4 бензин 2002-2007). Не знам колку ми е паметно ова, да не избрзам нешто ми е работата, а и не знам колку избор имам, посебно заради двете наведени причини поради кои и помислувам на оваа варијанта. Некоја сугестија, размислување?
П.С. Ако темата не е за тука, админот нека ја префрли на соодветно место, благодарам