Зависи од делницата, зависи од патот, зависи кое време во денот е. Некогаш е вистинит, некогаш не. Во секој случај е типичен германски одговор (особено едит-от).
Ако се погоди во Baustelle (кадешто се гради патот) нема место за правење лента, па се укочува сообраќајот со километри наназад. За да изгледа како на сликите, треба да помине полиција два-три пати напред назад со кола/мотор.
Јас ако сум во најлева лента кога почнува да има гужва на автопат и да се вози со брзини помали од 30кмч, се истранувам ептен лево и газам на работ на коловозот. Ако сум во најдесна лента, е истранувам десно и со пола кола возам во лентата за запирање. Кога има гужва речиси никогаш не возам во средна лента. Ако ме најде во средна, наоѓам начин да се престројам.