Нашиот ридско-брдски менталитет не се лечи со парични казни...
Камшик му е мајката!
Едноставен пример, колку ние сме неразбрана нација:
НЕ ГО ОШТЕТУВАЈ ЕНТЕРИЕРОТ НА АВТОБУСОТ!
Значи имаме толку расипнички менталитет, што некој треба да ни посочи дека не треба ради ич ништо да кршиме наоколу, да фрламе ѓубре наоколу, да возиме пијани, да возиме брзо во населени места...
Муабетот ми е дека ние како интелигентни суштества треба да си го знаеме сето тоа од општа култура, од домашно воспитување, воспитување на училиште...ама очигледно на некои им треба дресура во циркус.
Тоа сакав да кажам, на секој чекор забрана, купишта закони и слични тракатајнци, произлезени од искуствата со нашиот расипнички менталитет...