Ќе ве замолам за малку помош.Гледав Спарк 2007 година на плин за купување,но забележав еден проблем,кој може би и не е проблем.
имено на шалтаблата свети постојано едно портокалово сијаличе.(Сликата е од нет и ја ставив чисто да се знае на што мислам.на сликава е под реден број 62
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Значи да напоменам дека сијалицата постојано свети и не се гаси.Продавачот вели дека на секој спарк светела.
Некој совет.Секако ќе го гвиди мајстор,но сакав и овде некоја консултација
Продавачот лаже. Да се закачи на дијагностика и да се види зошто свети MIL (check engine по нашки).
Не, продавачот не лаже... 5 Спаркови ги имаме службени и на сите им свети чек енџинот а немаат ниеден проблем колите. Едноставно светнува заради бензинот.
Штознам можно е!Ќе треба да седнам во неколку спарка и да проверам!Овој е со 200.000км,така да малку е повеќе возен.Она што јас сметам е дека по правило не треба да свети.
Е сега ако со монтажата на плин се палат овие работи тоа е друго.
Суши лаже.
Значи не свети на сите спаркови туку свети на сите коли кои имаат некој проблем. Да се однесе на дијагностика, да се провери зошто свети и да се реши проблемот.
Не купувај кола на која и свети чек енџин, може да е и заебан дефект.
Да и јас сметам дека е некој проблем.Инаку замисли од фабрика испаднато и така да свети.Нема логика.
Туку чудно ми е само едно.Зашто ако е некој дефект,едноставно не ја исклучи човеков сијаличката.
Или не се сетил или пак не се гаси.Стварно глупа работа.Инаку колава си има поминато бааѓи километри.Километражата си застанала на 198.500км и од тогаш не и се мери.А од кога не работи,тоа само бог и човекот знаат.

Инаку друго што приметив е дека колата си бега малку на лево.Всушност малку повеќе,а вака не ми делува на удрена.Е сега дали станува збор за некоја гума,спона или сјеб*на предница ќе треба да се види.Се на се количето го имам за 1100 евра регистирано уште 10 месеци фиксно,па за таа цена мислам дека и глупо ми е да наоѓам замерки.Можеби и грешам,незнам.
Прва регистрација му била во Велес,и факт е дека тука многу му паѓа цената,но прашање е дали може нешто да се искористи односно дали има уште возење во него или е веќе умрено.Јас би вложил во него,но прашање е колку тоа би се исплатело.
Опремата му е 0 т.е нема ништо специјално нели како за такси.
На крај би замолил ако има некој што стварно се разбира од сервисериве т.е проценителиве да ја види колава.
Нормално да биде некој фер,а не од овие ајдуциве.
Секако ќе се одолжиме,па ако сум задоволен колата во иднина би ја правел кај него или нешто друго.Нели сите ние сакаме човек од доверба.
Значи ако има некој фер мајстор кој ќе се нафати и ќе си каже онака како на пријател дека ваква и ваква е колата.Вреди да се земе,не вреди итн. нека ми пише порака.ВО меѓувреме можете и да ми дадете препораки од саглам сервисери,но пред се фер луѓе,а не арамии.