Ќе им ја платиш скоро милион долари и на крај ќе ти побараат уште 6000 долари буквално за шише за вода со цефка и 2000 долари за "S" амблем на позадината на клучот.
Па да работам во Мекларен има да се газам од смеење кога некој како Шми ќе дојде и ќе доплати за вакво нешто, независно колку пари има.
"Aма...ама колата е технолошко чудо, сите 500 примероци ќе се продадат и ќе коштаат пута 3 за три години"...
Истата филозофија на цени и доплати скратена за една нула се применува и на нашиве ценети и сакани секојдневци, па ете, охраберни од однесувањето на муштериите, денес живееме во доба каде не им срам на производителите да ви побараат 18.000 евра за куп лим со 1000 кубика или 25.000 за здание на 4 тркала наречено Ти - Рок.
Убав ден надвор за перење кола иначе.
