изгледа не се сака да се вклучи мозок и да се разбере дека временски период како мерка за издржливост на било што (кое не е оптеретено 24 часа на ден) е НЕУПОТРЕБЛИВ податок кога е изразен во денови или години, поготово поврзано за автомобилите... 1 година, 5 месеци и 25 дена може да кажете за фасада, кров или боја на кола дали смениле нијанса или не и колку издржале... или кога веке употребувате месеци и години, барем пишете приближно просечно дневно возење.. така бар ке има репер некаков... еве казан, 1 година ти издржале, ама на дневна база просечно возиш да речеме 1 саат... тоа се 365 саати за таа сијалица, што е малку...
еве, јас ке кажам дека имам најт брејкер Н7 нешто малку над 5 ГОДИНИ!! верно ви е? нормално не... ама јас не измислувам затоа што стварно ГИ ИМАМ НАД 5 ГОДИНИ и не прегореле ниеднаш... е сега кога ке додадам дека се турени на долги светла, затоа што уствари имам ксенон за средни и кога ке пресметам дека месечно не ми се собира ни 20 саати возење со долги светла, стигаме до податок од нешто над 100 саати работење... ете затоа и ми траа ТОЛКУ МНОГУ!!
Е сега, мислам дека покрај бројот на работни часови, огромна улога игра и бројот на пали-гаси циклуси. Како што возевме со уклучени светла преку ден, па по неколку пати на ден пали-гаси светла - и тоа си влијае.
мислам дека нема улога тоа. ама само мислам, се додека не ми покаже или докаже некој дека е поинаку.. сите производители имаат посочено временски период во саати изразено за работење и никој не спомиња баш дали оштетува постојано вклучување и исклучување на сијалица било која...
патем речено, да прашам... бидејки твојот пост рече дека
“возевме“... помина ли законот или не за изгасени светла? не се сеќавам за кога беше кажано дека ке се гласа па службен весник итн итн..