Секако кажувањето „мене ми траат 1 годнина“ ништо не значи, ако не си кажал претходно „Оргининалните ми траеа 2 години или 3“ или колку и да траеле...
Најтбрејкери Н7 на кратки и долги ги возам 2 години, 1 година со постојано вклучени кратки за дневни, втората постојано со дејлајт мод на долги со намален интензитет на 40%.
Оригиналните Н7 се исправни и стојат во гепек по 6 години користење и како дејлајт.
Ако веќе одиме до детали, многу фактори влијаат на трајноста на сијаличките. Тука пред се мислам на инсправноста на реглерот и дали вклучувањето е преку релиња или со електронски тригери. Имено при вклучување преку реле секогаш има поголеми „удари“ на вклучување и поголем стрес за влакното на сијаличката што како краен ефект е намалена трајност.
Исто така квалитетот на патот и фиксираноста на фарот играат голема улога - колку повеќе изложени на вибрации толку ... јасно што следи.
Трајноста во часови е MTBF (Mean Time Before Failure)
Кој има повеќе среќа, вози на порамни патишта, има исправни компоненти на алтернаторот и вклучувањето на сијаличките оди преку електроника подолго време ќе биде среќен.
Е толку едноставно е!
